Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ССМ дава рок до крајот на февруари да се зголеми минималната плата, ако не ќе има генерален штрајк
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ССМ дава рок до крајот на февруари да се зголеми минималната плата, ако не ќе има генерален штрајк
ЕКОНОМИЈА

ССМ дава рок до крајот на февруари да се зголеми минималната плата, ако не ќе има генерален штрајк

Објавено February 17, 2026 16:20
Сподели
Сподели

Сојузот на синдикати на Македонија остава простор до крајот на февруари Владата и работодавачите да се изјаснат за зголемувањето на минималната плата на 600 евра и на другите плати за најмалку 6 илјади денари, а доколку не се најде решение, веќе за средината на март најавуваат голем работнички протест и генерален штрајк, но и таргетирани протести во градовите во земјава. Ова денес беше соопштено на протестот и блокадата што ги организира ССМ пред Владата, кој е трет во низата, откако претходно истото беше сторено со Собранието и Стопанската комора.

 

„Денеска дојдовме тројца луѓе повеќе, 24, затоа што 24 министри во владата уживаат на грбот на 540 илјади работници“, изјави претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов порачувајќи и на Владата на денешната седница да предложат измени и дополнувања на Законот за минимална плата со цел минималната плата да се зголеми на 600 евра и да се зголемат сите останати плати за разликата од претходната минимална плата до новата или за најмалку 6.000 денари.

Тој повтори дека се на улица во волкав број затоа што Законот за јавни собири предвидува дека 21 човек е доволно за да им „прават проблем на функционерите и на газдите“ и дека се повеќе од доволно „да ги нервираат како што и тие ги нервираат работниците две години“.

Аргументите кои ги изнесувавме минатата година на седниците на Економско социјалниот совет кои што се одржуваа во Владата не беа прифатени од владините претставници и од претставниците на работодавачите“, рече Трендафилов, посочувајќи дека тие аргументи биле дека на секоја една компанија која е затворена се отвораат две нови, дека бројот на вработени од последното зголемување на минималната плата во 2022 година до денес е зголемен, потоа дека работниците на газдите им создаваат капитал помеѓу 5 и 10 илјади евра на годишно ниво во нето износ… Трендафилов се осврна и на главниот изговор против зголемувањето на минималната плата – дека работниците во Македонија не се доволно продуктивни. Според него, деновиве Меѓународната организација на трудот потврдила дека дека работник со 24.379 денари минимална плата заработува месечно 290 илади денари, на газдите, на владата на функционерите и на сите останатати.

Само 17 отсто од тој колач се дава на работниците за плата. Во државата има пари, но не се правилно распоредени“, рече Трендафилов.

 

Тој упати порака до Владата на денешната седница многу сериозно да разговара за барањето на работниците за зголемување на минималната плата, како и за зголемување на останатите плати, како и да ги ослободат работодавачите, односно да податат рака на бизнисот за зголемување на платите и за ослободување на придонесите за задолжително социјално осигурување

 

„Тие пред една година еднострано го одбија предлогот, иако ССМ и работодавачите беа договорени за најмалку 6 илјади денари да се зголемат платите на сите работници во државата“, рече Трендафилов, додавајќи дека некој тоа еднострано го одбил, и со тоа го минирал целиот процес.

 

„А тој процес денеска го чини државниот буџет десет милиони евра месечно или 120 милиони евра на годишно ниво“, вели Трендафилов.

 

Тој рече дека денеска Претседателството на ССМ имало седница на која биле донесени неколку одлуки.

 

„Во наредниот период не исклучуваме ваквите таргетирани протести со 21 човек на улица да продолжат и по градовите, по потреба, таргетирани градови каде што ќе предизвикаме функционерите и таму да не може да се движат и да мора да доаѓаат на работа пешки“, рече тој.

 

Дополнително, оставаат простор до крајот на февруари да седнат и да се договорат и да кажат за колку пари ќе ја зголемат минималната плата и за колку пари се подготвени да ги зголемат сите останати работнички плати затоа што, како што вели Трендафилов, веќе немаат никакви аргуменити.

 

„Доколку до крајот на февруари не се договорат и не разговараме за зголемување на минималната плата и за зголемување на сите останати плати, следува генерален штрајк со генерален работнички протест кој ќе биде во неработно време на кој ќе бидат повикани сите работници кои сметаат дека платите им се ниски. За сите работници ќе обезбедиме превоз за да нема никој изговор. Сите ќе излеземе на улица за да докажеме дека не сме задоволни од платите“, рече Трендафилов, објаснувајќи дека протестот ќе се одржи во првата половина на месец март затоа што тогаш треба да се утврди висината на минималната плата.

Тој потсети дека минималната плата минатата година ја утврди министерот за економија и труд без согласност на Економско социјалниот совет, спротивно на законот.

„Се надеваме дека оваа година таквата пракса нема да ја повторат“, рече Трендафилов.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По обилните врнежи: Треска со четири пати зголемено ниво, Вардар два ипол пати над просекот
Следна Статија Костадиновски: „Сејф сити“ покажа дека менталитетот брзо се прилагодува на правила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Некогаш беше „златна кокошка“ на Скопје, сега има рекордна загуба од 4,2 милиони евра

Некогашната скопска „златна кокошка“ ЈП Водовод и канализација минатата година ја завршил со загуба во работењето од рекордни 256 милиони…

April 11, 2025

Cisco заработи повеќе од очекуваното, но акциите паднаа

Акциите на Cisco паднаа по објавувањето на финансиските резултати за фискалниот втор квартал, кои ги надминаа проценките, додека очекувањата за…

February 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Две третини од луѓето во ЕУ живеат во свој дом, во Македонија 87 %

Повеќе од две третини од луѓето што живеат во домаќинствата на ЕУ поседуваат свој дом, наспроти 32% кои живеат во…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ќе поевтинат 500 производи: Се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка

Наголемо се подготвува новогодишната потрошувачка кошничка и граѓаните треба да ја очекуваат наредниот месец со околу 500 производи, најави заменик…

November 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?