Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ поднесе кривична пријава против министерот Игор Филков
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ поднесе кривична пријава против министерот Игор Филков
ПОЛИТИКА

ДУИ поднесе кривична пријава против министерот Игор Филков

Објавено February 17, 2026 18:29
Сподели
Сподели

Демократска унија за интеграција поднесе кривична пријава против министерот за правда Игор Филков, обвинувајќи го за повреда на Уставот и законските прописи. Од партијата тврдат дека министерот постапил спротивно на Закон за употреба на јазиците, откако не го одобрил барањето на студентите по право правосудниот испит да го полагаат на албански јазик.

Денес, пред оваа институција на правдата, поднесуваме кривична пријава против Министерството за правда за сериозни прекршувања на уставните и законските обврски. За попречување на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците, спротивно на член 7 од Уставот и членовите 1, 2, 3 и 9 од Законот за употреба на јазиците, кои го признаваат албанскиот јазик како службен јазик покрај македонскиот и ги обврзуваат државните институции да обезбедат употреба на службениот јазик во службените постапки и документи- велат од ДУИ.

Кривичната против Филков е и поради неизвршување на службена должност на штета на уставните и законските права на граѓаните Албанци, спротивно на член 9 од Уставот (еднаквост на граѓаните пред законот) и член 353 од Кривичниот законик (злоупотреба на службена должност и овластување).

-Одбивањето да се организира и одржи правосуден испит на албански јазик директно го нарушува правото на употреба на службениот јазик во постапките пред институциите. Овие дејствија претставуваат повреда на рамноправноста на граѓаните согласно член 137 од Кривичниот законик и се спротивни на одредбите од Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој забранува секаков облик на дискриминација врз основа на јазик и етничка припадност. Неспроведувањето на законот и негирањето на ова право испраќа дискриминаторски пораки и ризикува продлабочување на тензиите во мултиетничкото општество – валат од ДУИ.

Според партијата, со тоа што испитот по правосудство не се полага на албански јазик и со одбивањето да го спроведе тоа законско право, Министерството за правда ги прекршило своите службени должности, го прекршило уставниот принцип на еднаквост и постапило спротивно на правниот поредок на државата.

Од овие причини, бараме од Основното јавно обвинителство веднаш да преземе потребни истражни дејствија, да го продолжи случајот пред надлежниот суд и да гарантира спроведување на законот без каква било форма на дискриминација – велат од ДУИ.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вечерва низ цела Србија се одржуваат протести по насилството на поддржувачите на СНС врз студентите во Нови Сад
Следна Статија Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) СДСМ обвинува: Со сомнителен тендер од 4 милиони евра ќе се шијат униформи во МВР, едната од фирмите регистрирана 20 дена пред тендерот

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија обвини дека во Министрството за внатрешни работи бил распишан сомнителен тендер во вредност од речиси 4…

May 25, 2025
ПОЛИТИКА

Ќе ви помогнеме да ги имплементирате реформите, а вие искористете го моментумот за проширување во ЕУ, ни порача Рокас

Како ЕУ делегација ќе се фокусираме да и помогнеме на Македонија да ги испорача реформите, меѓутоа постои голем моментум во…

January 23, 2025
ПОЛИТИКА

Трговецот од Горни Милановац нема да ја направи победничка партијата со измислување клевети, велат од ВМРО ДПМНЕ

Дали Венко Филипче уценувал студентки како професор барајќи неморални услуги за оценки-Можеби за ова има докази, а можеби и не.…

December 7, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Заев и Спасовски преку Јанева ја контролирале работата на СЈО

СДС, Заев и Спасовски, преку Катица Јанева, контролирале кои предмети СЈО ќе ги обработува, кој обвинител ќе ги води и…

February 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?