Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Партијата на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија, но ќе му требаат коалициски партнери за формирање на Влада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Партијата на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија, но ќе му требаат коалициски партнери за формирање на Влада
БАЛКАН

Партијата на Борисов победи на предвремените избори во Бугарија, но ќе му требаат коалициски партнери за формирање на Влада

Објавено October 28, 2024 08:20
Сподели
Сподели

Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на вчерашните парламентарни избори во Бугарија, седми во последните две години, покажуваат првичните прелиминарни резултати од гласањето.

ГЕРБ освои 25 отсто од гласовите, што е за околу 10 отсто повеќе од реформистичката коалиција на партијата „Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија.

Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет.

Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до нови избори.

На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција. Набљудувачите сугерираат дека вчерашното гласање ќе доведе до потешки преговори меѓу групите во парламентот, особено што сега се очекува во парламентот да влезат девет партии.

Серијата неуспешни избори имаше сериозно влијание врз бугарската економија и нејзината надворешна политика. Земјата ризикува да загуби милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ поради недостаток на реформи. Целосната интеграција во отворената Шенген зона и приклучувањето кон еврозоната најверојатно дополнително ќе бидат одложени.сд/

Промените продолжуваат“ и десничарската Демократска Бугарија.

Конечните резултати се очекуваат денеска, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да бара коалициски партнери за формирање на кабинет.

Политичките аналитичари прогнозираат дека и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до нови избори.

На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција. Набљудувачите сугерираат дека вчерашното гласање ќе доведе до потешки преговори меѓу групите во парламентот, особено што сега се очекува во парламентот да влезат девет партии.

Серијата неуспешни избори имаше сериозно влијание врз бугарската економија и нејзината надворешна политика. Земјата ризикува да загуби милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ поради недостаток на реформи. Целосната интеграција во отворената Шенген зона и приклучувањето кон еврозоната најверојатно дополнително ќе бидат одложени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве како изгледа хотелскиот комплекс во Берово по пожарот (ВИДЕО)
Следна Статија (Видео) Британски пратеник нокаутираше маж на улица

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Грчкиот Парламент денеска ќе гласа дали да се воведе 13-часовен работен ден – би бил најдолгиот во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен…

October 15, 2025
БАЛКАН

Хрватска стана ново прибежиште за балканските криминалци

Нема граници за мафијата на Балканот.Во моментов Хрватска стана ново прибежиште за балканските криминалци кои добија и пасоши. Во гаражите…

April 22, 2025
БАЛКАН

Земјотрес ја погоди Лефкада: „Многу се тресеше“

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, 25 јули 2025 година, во 7:31 часот наутро…

July 25, 2025
БАЛКАН

Бура ја парализираше Хрватска

Силна промена на времето ја зафати Хрватска, каде што циклон се наоѓа над Јадранското Море, донесувајќи облачно време низ целата…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?