Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Саграда Фамилија во Барселона стана највисока црква во светот, доградена кулата во централниот дел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Саграда Фамилија во Барселона стана највисока црква во светот, доградена кулата во централниот дел
ЗАБАВА

Саграда Фамилија во Барселона стана највисока црква во светот, доградена кулата во централниот дел

Објавено February 20, 2026 17:36
Сподели
Сподели

Црквата Саграда Фамилија во Барселона денеска ја достигна својата максимална висина од 172,5 метри, иако завршувањето на работите е предвидено за неколку години, соопшти нејзината управа.

Кран го постави горниот дел од крстот на врвот на „Кулата на Исус Христос“, централниот дел од Саграда Фамилија, со што таа сега е највисоката црква во светот.

Камен-темелникот на Саграда Фамилија беше поставен во 1882 година, а нејзиниот архитект Антони Гауди никогаш не очекувал дека ќе биде завршена за време на неговиот живот.

Работите се забрзаа во последните неколку децении, бидејќи црквата стана главна туристичка атракција за луѓето ширум светот.

Внатрешноста на „Кулата на Исус Христос“ сè уште се обработува, а нејзината надворешност е опкружена со градежни кранови и скелиња, кои се очекува да бидат отстранети до јуни годинава, кога треба да се одбележи стогодишнината од смртта на Гауди.

Гауди планирал крстот на црквата да има четири краци за да може неговиот облик да се препознава од која било насока. Оригиналниот план за изградба вклучува и зрак светлина што сјае од секој крак на крстот, симболизирајќи ја улогата на црквата како духовен светилник“, изјави ректорот на Саграда Фамилија, Жозеп Турул.

Саграда Фамилија ја посетуваат милиони туристи секоја година, а парите од билетите главно се користат за финансирање на остатокот од изградбата. Таа стана највисоката црква во светот во октомври минатата година, кога се издигна над кулата од 161,53 метри на германската готска лутеранска црква Улмер Минстер во германскиот град Улм. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Четири хороскопски знаци ќе пливаат во пари после 20 март
Следна Статија Грчката полиција во Солун отвори широка истрага за можен сериски убиец по бруталните убиства на две жени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Го стартувал Мерцедесот неколку дена по поплавата во Валенсија и го извлекол од гаража: „Овој модел би го преживеал и крајот на светот!“ (ВИДЕО)

Еден од најпрепознатливите автомобили на сите времиња, Mercedes W123, уште еднаш ја покажа својата издржливост, овој пат во екстремни услови.…

November 12, 2024
ЗАБАВА

Откриена комета – три милијарди години постара од Сончевиот Систем

Мистериозно меѓуѕвездено летечко тело е откриено од научниците од Универзитетот Оксфорд минатата недела, и веројатно се работи за комета што…

July 11, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) „Штом сум среќна“: Владо Јаневски има нова песна

Една од најголемите македонски ѕвезди Владо Јаневски има нов сингл. „Штом сум среќна“ е насловот на песната со интересен текст за девојките кои му…

July 10, 2025
ЗАБАВА

Почина Брајан Вилсон, фронтменот на “Бич Бојс“

Брајан Вилсон, музичарот, текстописецот и продуцентот на „Beach Boys“, кој создаде дел од најубавата поп-музика во историјата, почина на 82-годишна…

June 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?