Во Скопје, на 22 февруари 2026 година во 04:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Општина Аеродром настанал пожар на патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 48-годишен скопјанец. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема. За случајот е известен јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Еден ден претходно, на 21 февруари, во СВР Струмица било пријавено дека во периодот од 19:30 до 19:45 часот избувнал пожар на паркирано патничко возило „ланд ровер“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на 51-годишен струмичанец. Пожарот се проширил и зафатил уште едно паркирано возило „форд“, сопственост на 53-годишен жител на Струмица. Возилата биле паркирани на паркинг простор пред зграда на улицата „Браќа Миладинови“.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Струмица, а повредени лица нема. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а увид извршиле инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица. И во овој случај се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите.