Рекордно ниска излезност на бугарски државјани во Македонија на вчерашните парламентарни избори кај источниот сосед.
Иако според пописот во Македонија има околу 3500 Бугари вчера за изборите во Бугарија гласале помалку од 10 % од нив односно точно 327.
,,Најниска изборна активност на Бугарите во Македонија досега!
За ова ли е блокиран европскиот пат на Македонија кон ЕУ!??”, пишува партијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден Пирин објавувајќи пресек на гласачите Бугари во македонските градови:
Скопје -158 души
Битола -40
Прилеп -40
Охрид -51
Струмица -38
ВКУПНО=327
ОМО Илинден Пирин пораката освен до јавноста ја испраќаат и до премиерот Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска Давкова и министерот за надворешни работи.
Според објавеното за ОМО Илинден Пирин е неприфатливо за 327 Бугари во Македонија да го менува уставот а Бугарија да не дозволува никаква политичка активност и здружување на Македонците кои ги има во големи бројки особено во Пиринска Македонија.