Артан Груби кој утрово беше уапсен на преминот Блаце е пренесен во Шутка.
Груби е пренесен во притворското одделение во Шутка бидејќи за него беше определен 30 дневен притвор во отсуство, додека беше во бегство.
Груби заедно со екс директорот на Државна лотарија Перперим Бајрами е осомничен за проневери во Државна лотарија про набавка на ВЛТ апарати.
Груби во декември 2024 година беше ставен на т.н. „црна листа“ на САД поради вмешаност во значителна корупција, конкретно поради примање поткуп во врска со судските процеси поврзани со ексдиректор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков
Артан Груби е поранешен прв вицепремиер и со години најблизок човек на Али Ахмети.