Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Што ти е живот: Груби политичката кариера ја почна со камења на тврдината Кале, ја заврши под притисок на политичкото „Кале“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Што ти е живот: Груби политичката кариера ја почна со камења на тврдината Кале, ја заврши под притисок на политичкото „Кале“
МАКЕДОНИЈА

Што ти е живот: Груби политичката кариера ја почна со камења на тврдината Кале, ја заврши под притисок на политичкото „Кале“

Објавено February 23, 2026 16:40
Сподели
Сподели

Груби кој денеска се предаде беше еден од првите политичари на ДУИ шгто заврши на американската црна листа. Голем дел од граѓаните тоа го примија со воодушевување, без разлика дали станува збор за Албанци или Македонци. Груби и самиот велеше дека тој „не е во ДУИ за да мисли туку да ги спроведува задачите на Али Ахмети“.

 

Груби добро се снаоѓаше во сите влади, без разлика дали станува збор за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ. Но, се чини дека во последната влада на СДСМ на чело со Таче и Заев навистина „аздиса“. Се чаламеше народски кажано.

Играше кошарка и фудбалче во канцеларија, „леташе орли“, ги правеше новинарите луди кога бараа да ги дознаат деталите за договорот со Бектел и Енка каде тој беше главен „подизведувач“, си се назначи за прв вицепремиер иако таква фунција не постои.

Ако се проневери еден денар од проектот за изградба на коридорите 8 и 10 да скапеме во доживотен затвор-велеше Груби.

Да се надеваме дека ова ќе треба наскоро да го докажува низ судските институции и Обвинителството.

Но, сепак на американската црна листа заглави за она што е негова специјалност, а тоа е корупцијата. Во образложението на Стејт Департментот стои дека со судијата Енвер Беџети чувале во фиока предмети за Сашо Мијалков.

Груби политичката кариера ја почна во 2011 година со настаните на Кале. Дотогаш беше само обичен водач на навивачката група „Шверцери“. Пред 13 години Груби како кадар на холандската амбасада ги предводеше протестите на скопката тврдина откако се прочу муабет дека таму ќе се гради црква.

Тогаш Груби, во нешто поинаков стајлинг и со долга коса маваше со камења по новинарите кои известуваа од настанот. Што ти е живот. Политичката кариера му заврши исто така на Кале, но на она политичкото. Не за џабе се вели дека животот е круг.

FacebookTwitterCopy LinkShare
Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Maкедонските кошаркари тргнаа со шпанскиот селектор
Следна Статија Денеска е чист понеделник, ги измивте ли тенџерињата?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Мерко за две школи во Драслајца и Подгорци

За две основни училишта во Струга одземени се ингеренциите на градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, велат од Министерството за образование…

November 16, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Битиќи: Заврши времето „како до сега“ каде некои од инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници

„Што се однесува до Костал и до останатите кои ги споменавте Епсотех и Брејнчајлд и слично, мислам дека сопствениците не…

November 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола, сообраќајот се одвива во големи гужви по стариот пат

Затворен магистралниот пат Ресен – Битола, сообраќајот се одвива во големи гужви по стариот пат Колоната на возила постојано се…

August 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Нема нафта, нема автобуси – градскиот превоз го достигна дното

Проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на…

November 20, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?