Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за писмото од Ахмети: Мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски за писмото од Ахмети: Мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин
ПОЛИТИКА

Мицкоски за писмото од Ахмети: Мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин

Објавено October 28, 2024 13:40
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го видел писмото што му го испрати лидерот на ДУИ Али Ахмети во врска со неодамнешните одлуки на Уставниот суд и нивното влијание врз меѓуетничката кохезија и одржливоста на земјата, но истакнува дека мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин.

На новинарско прашање Мицкоски денеска истакна дека со големо внимание пристапува во комуникацијата со граѓаните.

Не, не сум го видел. Инаку, јас дневно добивам многу писма и ги читам, добивам многу пораки, и со големо внимание пристапувам во комуникацијата со граѓаните. Господинот Ахмети е граѓанин и мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин, така постапува одговорна Влада. Како што кажа вицепремиерот Меџити ние не играме фудбалчиња, ние работиме и сме одговорни, рече Мицкоски, кој одговараше на прашања по увидот на работите за изградба на автопатот Гостивар Букојчани на Коридор 8.

Како што соопшти претходно ДУИ, писмото од Ахмети е одговор на сериозните предизвици со кои се соочува Северна Македонија во еден исклучително чувствителен геополитички момент, кога секоја нова тензија може да има негативни последици врз меѓуетничките односи и внатрешниот развој. Ахмети во писмото истакнува дека одлуките за укинување на заштитните механизми за заедниците и измените на Законот за употреба на јазиците не само што се политички контроверзни, туку, се посочува во соопштението, се опасни и штетни за напредокот и одржливоста на општеството.

ДУИ апелира до политичките партии и институции за поголема одговорност и зрелост во овој критичен период, поттикнувајќи решенија кои ќе ја зајакнат соработката и заедништвото, а не поделбите. Писмото на Ахмети, како што наведуваат од партијата, претставува повик за соработка, взаемна почит и конструктивен дијалог.

ДУИ останува посветена на заштитата на меѓуетничкото разбирање и инклузивноста, кои се темели на напредокот на Северна Македонија и нејзината европска иднина, стои во соопштението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за изборите во Бугарија: Се надеваме дека ќе има Влада и дека ќе можеме да седнеме и да најдеме решение да го одблокираме патот на Македонија во ЕУ
Следна Статија Јаневска: Ќе се донесе нов Закон за учебници така што ќе се разграничи што е учебник, а што материјал за учење

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари на својот Фејсбук профил реагираше по прес-конференцијата на вицепремиерот Арбен Фетаи и, како…

May 25, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загадувањето на воздухот, ако сакаа за седум години можеа да го намалат

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ како лицемерни ги оцени реакциите на нивниот политички опоненет – Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во врска со…

December 21, 2025
ПОЛИТИКА

Богдановиќ: Герасимовски ги пушти низ вода сите што од СДСМ гласаа за него во првиот круг

Герасимовски ги пушти низ вода сите што од СДСМ гласаа за него во прв круг, објави поранешниот градоначалник на Општина…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

Анкети: ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 25,2 отсто, СДСМ е на 8,6

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите во Клубот на пратеници презентираше податоци од три анкети. Според…

June 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?