Мексиканската инфлуенсерка Марија Хулис била во врска со нарко-босот Ел Менчо.Таа последна била видена во друштво на Немесио Осегера Сервантес, познат како Ел Менчо, водачот на картелот CJNG.
Фотографиите на кои наводно се гледа во ноќен клуб со жена за која се тврди дека е Марија Хулиса почнаа да кружат на социјалните мрежи, неколку часа пред големата полициска операција.
Која е Марија Хулиса
Марија Хулиса е родена во северната мексиканска држава Сонора и е позната како инфлуенсерка која е активна пред сè на Инстаграм.

Нејзината содржина е претежно за мода, патувања и ноќен живот, а има и голем број следбеници на платформи за возрасни како OnlyFans. Многумина тврдеа дека таа наводно била последната личност видена со Ел Менча пред да биде убиен.