Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, во Винисису Жуниор гледа лидер на неговиот тим.
Реал синоќа ја победи Бенфика со 2:1 во реваншот од плејофот на Лигата на шампионите.
– Ниеден натпревар не е лесен. Мора да бидете трпеливи бидејќи Лигата на шампионите е најдоброто натпреварување во Европа. Бенфика притискаше, што ни го отежнуваше излегувањето од одбраната. Имавме простор, но не го искористивме. Сè додека не го поправивме тоа кратко по паузата, а потоа почнавме да играме подобро. Голот на Чуамени беше многу важен. Многу зборувавме за тоа во последно време, тој е на неверојатно ниво. Се надевам дека ова е првиот од многуте голови што ги постигнува.
Винисиус одигра одличен натпревар, постигна гол и создаде опасност. Кога Мбапе беше во тимот, веќе ни беше потребен Винисиус, а сега кога го нема, ни е потребен уште повеќе. Тој мора да биде наш лидер, видовме дека може да направи разлика, изјави Арбелоа за „Фудбал Еспања“.
Реал Мадрид го доби првиот натпревар со 1:0, пласирајќи се во осминафиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се соочат или со Манчестер сити или со Спортинг. Ждрепката ќе се одржи утре