Ужасни сцени се видени во Италија, каде што младиот албански фудбалер Рикардо Меркури од локалниот тим Монтемилоне Поленца ја претепа својата мајка Албана Кастриот за време на вечера во петокот вечерта.
Сè се случи во малото гратче Поленца, кога Рикардо Меркури го славеше својот 20-ти роденден со својата мајка, а неговиот татко Марио и постариот брат во тој момент не беа присутни во станот.
Се верува дека фудбалерот и Албана (53) се скарале за време на вечерата, а во еден момент соседите слушнале вресоци и ја повикале полицијата, која набрзо пристигнала на местото на настанот.Таму пронашле жена во несвест во бањата, со крв околу неа, а дотогаш Рикардо веќе го напуштил местото на злосторството, верувајќи дека ја убил својата мајка.
Снимките од безбедносните камери го покажале како се фрла во Јадранското Море од еден од доковите откако ја соблекол јакната. Неговото тело беше пронајдено во недела по 38-часовна потрага