– И по 2028 ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ја формираат следната влада, а не гледам како вие со вакви ненародни политики и со тоа што претставувате меко ткиво ќе можете да добиете или да повратите дел од изгубенте гласачи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање од пратеникот и претседател на СДСМ Венко Филипче.
1Филипче го праша премиерот кој е Душан Адамовиќ, зошто е поставен за конзул во Белград и дали има лична релација со него, а изнесе критики со потпрашања за барањата за зголемување на платите, забележувајќи му дека рекол оти треба да се почитуваат законите но направил линеарно зголемување на пензиите. Упати критики и за состојбата во земјоделството, енергетиката, новиот закон за високо образование, евроинтеграциите …