Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АфД не може да се класифицира како „екстремистичка“- пресуди Управнот суд во Келн
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > АфД не може да се класифицира како „екстремистичка“- пресуди Управнот суд во Келн
СВЕТ

АфД не може да се класифицира како „екстремистичка“- пресуди Управнот суд во Келн

Објавено February 26, 2026 18:11
Сподели
Сподели

Германското разузнавање во моментов не може да ја класифицира крајно десничарската партија Алтернатива за Германија –АфД (AfD) како „докажано екстремистичка“, пресуди денеска Управниот суд во Келн, цитиран од француските медиуми, во својата пресуда со која ја поддржува антиимиграциската партија.

Како водечка опозициска сила на коалицијата на конзервативниот канцелар Фридрих Мерц, АфД како целина сè уште не претставува „главна тенденција, непријателска кон Уставот“, се наведува во судската одлука, со што се поништува класификацијата направена во 2025 година од страна на безбедносните служби.

Одлуката на германскиот суд да ја поништи класификацијата на Алтернатива за Германија како „докажано екстремистичка“ десничарска партија е „голема победа“ за партијата, „демократијата и владеењето на правото“, напиша копретседателката на партијата Алис Вајдел во објава на социјалната мрежа Икс.

Со одлуката, која ќе ја спречи германската домашна разузнавачка агенција да воведе полициски надзор врз партијата, судот во Келн, исто така, „стави кочница на фанатиците кои повикуваат на забрана“ на АфД, додаде Вајдел.

Најголемата опозициска партија во Германија се соочи со жестоки критики поради своите антиимиграциски ставови, што доведе до тоа некои од нејзините најистакнати политичари да побараат нејзина забрана, објави ДПА.

Тоа го привлече вниманието на разузнавачките агенции, кои истражуваат дали етнонационалистичките ставови на партијата претставуваат закана за слободниот, уставен поредок на земјата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жиру ја замолкна „Маракана“, Звезда испадна
Следна Статија Во Србија уапсени седум лица осомничени за детска порнографија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Земјите од светот го поздравија прекинот на огнот меѓу САД и Иран

Неколку арапски држави денеска го пофалија двонеделниот прекин на огнот помеѓу САД и Иран и го поздравија повторното отворање на…

April 8, 2026
СВЕТ

Орбан му ја честиташе победата на Маѓар во Унгарија

Виктор Орбан се обрати пред јавноста откако беа пребројани најголемиот дел од гласовите на изборите. Тој го призна поразот на…

April 13, 2026
СВЕТ

Израел за прв пат потврди дека стои зад атентатот на лидерот на Хамас

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац за прв пат потврди дека Израел стои зад атентатот на лидерот на Хамас Исмаил…

December 24, 2024
СВЕТ

НАСА: Срушен е рекордот – човек отпатува најдалеку од Земјата досега

Екипажот на „Артемис II“ го сруши рекордот за најдалечното човечко патување од Земјата, надминувајќи го претходниот рекорд поставен од мисијата…

April 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?