Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Фрчкоски: Со назначувањето на Димовска, Развојната банка станува сервис на партиски бизниси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Фрчкоски: Со назначувањето на Димовска, Развојната банка станува сервис на партиски бизниси
ПОЛИТИКА

Фрчкоски: Со назначувањето на Димовска, Развојната банка станува сервис на партиски бизниси

Објавено February 28, 2026 20:34
Сподели
Сподели

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, обвини дека со назначувањето на Ефимија Димовска на чело на Развојната банка, премиерот Христијан Мицкоски ја става институцијата во функција на, како што наведе, сопствени бизнис интереси.

Фрчкоски тврди дека Димовска е сопруга на Димитар Димовски, кого го посочува како долгогодишен бизнис-партнер на Мицкоски во проекти поврзани со хидроцентрали, преку компанијата „Енерготек“ ДОО Скопје. Според него, поставувањето на Димовска отвора сомнежи за конфликт на интереси, особено имајќи предвид дека Развојната банка одлучува за кредитни линии и финансирање на енергетски проекти.

Во изјавата се споменува и дека Димовски бил инволвиран во предметите „Топлик“ и „Шпански скали“, како и дека моментално извршува функција секретар за јавни политики во Владата.

Фрчкоски посочува дека Димовска е сопственик на компанијата „Херба Натура“ и дел од управувачката структура на енергетскиот субјект „ХН Соларис“, оценувајќи дека на тој начин се воспоставува „директен линк“ меѓу приватни фирми и државна финансиска институција.

Од СДСМ бараат итно повлекување на Димовска од функцијата и реакција од Државната комисија за спречување на корупцијата и другите надлежни институции, оценувајќи дека станува збор за класичен конфликт на интереси и злоупотреба на институциите во партиски и бизнис цели.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дескоска: „Шангајска“ или „Шиндлерова листа“ – Предлог-законот за високо образование содржи небулозни одредби
Следна Статија (ВИДЕО) Драматично во Дубаи: Аеродромите се затворени, заглавени илјадници патници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Села: Без Бадентер во Уставен, не влегуваме во Владата

Зијадин Села, пратеник и лидер на едното крило на разделената Алијанса за Албанците, реагираше на последните изјави од челниците на…

May 4, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Соседна држава шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови

Соседна држава шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ,…

June 25, 2026
ПОЛИТИКА

Портпаролката на ЕК побара од партиите да покажат храброст за уставни измени

Продолжувањето на пристапниот процес за Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза дека ќе ги спроведе, изјави…

October 31, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска го уништи Скопје

Единствен виновник за хаосот со јавниот превоз во Скопје е Данела Арсовска во коалиција со СДС и ДУИ. Одамна е…

October 15, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?