Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мартинките предвесник на пролетта
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Мартинките предвесник на пролетта
ЗАБАВА

Мартинките предвесник на пролетта

Објавено March 1, 2026 15:11
Сподели
Сподели

Денеска е 1 март – денот кога на рацете, околу вратот или на облеката се појавуваат црвено-белите плетенки познати како мартинки. Овој обичај, длабоко вкоренет во народната традиција, се практикува во Македонија, Бугарија, Романија, Грција и делови од Србија, а е поврзан со доаѓањето на пролетта, здравјето и заштитата од зло. Празникот во народниот календар е познат и како Баба Марта, Марта, Првна Марта, Летник или Мартинден.

Мартинката е изработена од усукани конци, најчесто волнени, во две основни бои: црвена и бела. Црвената ја симболизира крвта, животот и виталноста, а белата – чистотата, среќата и новиот почеток. Според традицијата, најстарата жена во семејството наутро на 1 март им врзува мартинки на децата „за здравје и против уроци“. Се верува дека среќа носи онаа мартинка што ќе ја добиете како подарок, па затоа роднините и пријателите си ги разменуваат меѓусебно.

Обичајот има статус на нематеријално културно наследство. Во 2017 година практиките поврзани со 1 март беа впишани на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО. Во Македонија мартинките се прогласени за културно наследство од особено значење со одлука од 2019 година, со што формално се потврдува нивната историска и етнолошка вредност.

Датирањето на обредот не може прецизно да се утврди. Станува збор за архаична пракса поврзана со култот кон природата и плодноста, присутна на Балканот со векови, а можеби и милениуми. Во народните верувања мартинката не е само украс, туку и заштита – „за од змии“, односно за човекот да биде безбеден преку летото. Во некои предели се верува дека не треба да ја види сонце, за да не „изгори“ носителот од летната жега.

Мартинките се носат сè додека не се види првата ластовица, штрк или процветано дрво, симболи на доаѓањето на пролетта. Потоа се симнуваат и се оставаат под камен или на гранка од трендафил. Според народното гатање, ако под каменот по извесно време има мравки, годината ќе биде бериќетна. Во некои краишта мартинката се пушта и во река, „да оди како што тече водата“.

Иако најчести се црвено-белите, постојат и варијанти со бело-црна, црвено-модра или бело-жолта комбинација, а во одредени региони се користат и памучни, ленени или свилени конци.

Според една легенда, празникот е поврзан и со древната Ксантика – празник на пролетта, љубовта и обновата, симболизиран токму со црвено-белата плетенка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 32 Products That Will Probably Confuse Regular People But Delight The Weirdos – BuzzFeed
Следна Статија Lenten Retreat: Bishop Varden reflects on ‘becoming free’ – Vatican News

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Нострадамус го предвидел ужасот во Швајцарија? Ова се неговите пророштва за 2026 година

Иако поминале речиси пет века од неговата смрт, името на Нострадамус повторно циркулира во светските медиуми. Откако некои од неговите…

January 4, 2026
ЗАБАВА

На 4 ноември очекувајте небесен спектакл: Најголема и најсветла полна Месечина во 2025

На 4 ноември, Месечината ќе приреди небесен спектакл, најголемата и најсветлата полна месечина во 2025 година. Овојпат Месечината ќе биде…

November 3, 2025
ЗАБАВА

Златна палма за животно дело за Роберт де Ниро во Кан

Роберт де Ниро ќе биде еден од почесните гости на 78. Кански филмски фестивал, кој ќе се одржи од вторник,…

April 9, 2025
ЗАБАВА

(ВИДЕО) Голема огнена топка го осветли небото над Бразил, никој не знае за што станува збор

Огнена топка го осветли небото над Бразил вчера вечер, чие потекло сè уште е непознато. Како што објави порталот g1…

May 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?