Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Љубомора на стари години: Почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој уби 79 годишна жена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Љубомора на стари години: Почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој уби 79 годишна жена
ХРОНИКА

Љубомора на стари години: Почнува судењето против 74 годишен штипјанец кој уби 79 годишна жена

Објавено March 2, 2026 16:16
Сподели
Сподели

Во Основниот суд Штип во среда, на 4 март со почеток во 9:30 часот, почнува судењето против 74-годишниот Д.А., обвинет за убиство на 79-годишната Б.Н. од Штип, потврди за МИА судијата кривичар и портпарол на ОС-Штип, Сашко Георгиев.

Убиството се случи лани, а дел од трупот на починатата жена беше пронајден закопан во дворот на обвинетиот. Според исказот кој го дал пред Основното јавно обвинителство Штип, мотивите биле љубомора и љубовни недоразбирања. По убиената жена се трагаше неколку дена, а исчезнувањето го пријавила нејзината сестра.

Според податоците од МВР, на 24 октомври 2025 година, 84-годишната сестра на жртвата пријавила дека Б.Н. се оддалечила од домот. На 10 ноември, по судска наредба, бил извршен претрес во домот на обвинетиот Д.А., при што биле пронајдени траги од крв и други предмети поврзани со убиството.

По претресот, обвинетиот бил лишен од слобода и му била изречена мерка притвор. Дополнителните вештачења и разговори со обвинетиот довеле до детално објаснување на начинот на извршување на кривичното дело, се наведува во соопштението на МВР објавено на 16 ноември 2025 година.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Google teases ‘amazing things’ in Android 17 – 9to5Google
Следна Статија Загинаа мајка и дете во скопски Карпош по пад од зграда

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево

Во сообраќајна несреќа кај селото Облешево во општина Чешиново-Облешево почина возач, откако излетал надвор од коловозот. Во моментов се работи…

August 28, 2025
ХРОНИКА

Директорот на Геријатрија не чувствува вина за примање мито, иако беа фатени со парите во раце

Обвинетите во случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје денеска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што…

September 1, 2025
ХРОНИКА

Полициски службеник „падна“ за 50 евра поткуп

Под раководство на надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања…

January 18, 2025
ХРОНИКА

21-годишник од Свети Николе крвнички ја тепал бремената девојка и ја заклучил во соба

Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување…

February 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?