Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Црвениот крст исплати над 11,2 милиони денари на 18 настрадани од пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Црвениот крст исплати над 11,2 милиони денари на 18 настрадани од пожарот во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Црвениот крст исплати над 11,2 милиони денари на 18 настрадани од пожарот во Кочани

Објавено March 2, 2026 16:35
Сподели
Сподели

Црвениот крст на Македонија на 27 февруари 2026 година ја изврши последната исплата од собраните средства за настраданите од пожарот во Кочани. Средствата се распределени на 18 лица, поделени во две категории, во вкупен износ од 11.200.000 денари.

Исплатата, како што информираат, е реализирана врз основа на доставен список на повредени лица, изготвен по втората евалуација на нивната здравствена состојба и прогнозата за понатамошно лекување, подготвена од Комисијата на Министерството за здравство.

– Со оваа исплата, вкупниот досегашен трансфер на средства од Фондот на солидарност достигнува 164.744.901 денар. Со цел обезбедување транспарентност и отчетност, Црвениот крст подготви Извештај за фактичките наоди за приливите и одливите на сметката на Фондот на солидарност за периодот од 16 март до 22 август 2025 година. Извештајот е објавен на веб-страницата на Црвениот крст – информираат оттаму.

Во тек е подготовка на финален извештај кој ќе го опфати и преостанатиот период, а истиот ќе биде објавен до 15 март годинава.

Од организацијата упатија благодарност до сите донатори кои придонесоа за мобилизирање на хуманитарната поддршка за настраданите и нивните семејства.

– Црвениот крст продолжува со активности на терен, со посебен акцент на обезбедување психолошка поддршка преку Регионалниот центар за ментално здравје и психосоцијална поддршка – велат од Црвениот крст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Resident Evil Requiem Day One Patch And amiibo Release Date Confirmed – Nintendo Life
Следна Статија Нова есхумација: Истрагата за осомничениот од Старо Нагоричане се проширува за уште едно убиство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје прв најзагаден град во Европа

Скопјани и денеска се разбудија во смог. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје утрово е прв најзагаден град во Европа, а…

November 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Предлогот за разрешување од Владата стигна до Коцевски

Државниот обвинител Љубомир Коцевски денеска од Советот на јавни обвинители го добил предлогот за разрешување од Владата. – До Јавниот…

March 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Г.Г.Стефан: Благодарејќи на Светите браќа Кирил и Методиј го славиме Бога на свој јазик

Нема поприлично место од Охрид и македонската светиња над светињите - црквата „Света Софија“ за празнување и одавање почит на…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции

Собранието денеска во рамки на 75. пленарна седница ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали…

December 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?