Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет
Blog

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

Објавено March 4, 2026 18:27
Сподели
Сподели

Денес пред вас стојам со предлог за избор на двајца заменици министри, решение кое не е само кадровска одлука, туку дел од поширокиот процес на зајакнување на институциите, на враќање на довербата во државата и на градење систем кој работи во интерес на граѓаните, рече денеска од собраниската говорница премиерот Мицкоски.

Во продолжение неговата изјава 

Нашата обврска како Влада е да поставиме луѓе кои имаат знаење, интегритет и чувство за државна одговорност. Луѓе кои ќе работат посветено, професионално и чесно, во служба на државата и на сите граѓани.

Пред вас денес се два предлога кои се дел од таа визија.

Предлагам за заменик-министер во Министерството за одбрана да биде избран Адмир Шабани.

Министерството за одбрана е столб на националната безбедност и на нашата меѓународна позиција како држава членка на НАТО. Во време на сериозни безбедносни предизвици, во време кога светот се соочува со нови ризици и нестабилности, нашата држава мора да има институции кои се силни, професионални и подготвени да одговорат на секој предизвик.

Нашата Армија е гордост на државата. Таа е симбол на стабилноста, на професионализмот и на нашата евроатлантска определба. Затоа е важно во Министерството за одбрана да работат луѓе кои ќе придонесат за понатамошна модернизација на одбранбениот систем, за зајакнување на институционалниот капацитет и за продлабочување на соработката со нашите сојузници.

Убеден сум дека Адмир Шабани ќе даде значаен придонес во таа мисија.

Истовремено, предлагам за заменик-министер во Министерството за образование и наука да биде избран Дритон Сулејмани.

Образованието е темелот врз кој се гради иднината на секоја нација. Држава која инвестира во образование инвестира во сопствената иднина. Затоа реформите во образованието, модернизацијата на системот и создавањето услови за квалитетно образование за сите млади луѓе се врвен приоритет на оваа Влада.

Нашата цел е јасна, образование кое создава знаење, кое развива критичко размислување, кое ги подготвува младите за современиот свет и кое ја прави Македонија конкурентна и развиена држава.

Верувам дека Дритон Сулејмани со својата работа, енергија и посветеност ќе придонесе кон унапредување на образовниот систем и кон спроведување на реформите кои им се потребни на учениците, студентите и наставниот кадар.

Оваа Влада има јасна мисија, да изгради функционални институции, да ја врати довербата на граѓаните и да ја движи државата напред.

Знаеме дека пред нас има многу работа. Но исто така знаеме дека само со силни институции, со чесни луѓе и со јасна визија можеме да изградиме држава со која ќе се гордеат идните генерации.

Верувам дека со заедничка работа ќе продолжиме да ја градиме стабилна, силна и успешна Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Column | Asking Eric: Grandson has no motivation; daughter enables him – The Washington Post
Следна Статија Iran’s Supreme Leader Ayatollah Ali Khamenei killed in US-Israel attack – BBC

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Реформи нема, извештајот за Македонија е еден од најлошите

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и лидер на СДСМ Венко Филипче, на денешната заедничка седница на НСЕ и Комисијата…

November 17, 2025
Blog

Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво по објавата на Трамп за царините

Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво во вторник откако Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе воведе…

July 9, 2025
Blog

Холандската централна банка до граѓаните: Секое домаќинство да има кеш – 70 евра по возрасен

Централната банка на Холандија издаде предупредување до граѓаните: секое домаќинство треба да има резерва во готовина за најмалку три дена,…

May 23, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Предвремени избори по локалните нема да има, ДУИ џабе се надеваат

Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите истакна дека коалицијата што ја предводи ќе има убедлива победа на локалните избори,…

September 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?