За нови 48-часа е продолжен притворот за Стојанче Јовановски кој се сомничи за семејно насилство и за наведување на самоубиство откако во понеделникот неговата сорпуга и дете Ивана и Катја починаа по пад од шести кат од зградата во која живееја.
Продолжувањето на притворот е поради тоа што се постапува по издадените наредби за вечтачење на три мобилни телефони и други предмети, се анализираат видео записите од повеќе критични локации и се обезбедува целокупната документација за претходните поплаки и пријави за семејно насилство.
Случајот покрена лавина на реакции од граѓани кои бараат одговорност констатирајќи дека институциите повторно затаиле. Невладините бараат законски измени, а опозицијата оставка од министерот за внатрешни работи.