Лишен од слобода насилник од скопско кој физички ја нападнал малолетната ќерка.
Како што информираат од МВР, вчера во 06:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.З.(54) од село во општина Сарај.
Според пријавеното, тој околу 05:00 во домот под дејство на алкохол физички ја нападнал неговата 15-годишна ќерка, но неговиот син успеал да ги раздели.
Увид извршила екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, додаваат од МВР.