Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Касами за Ахмети: Во време кога тој пишува писма ние реализираме проекти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Касами за Ахмети: Во време кога тој пишува писма ние реализираме проекти
ПОЛИТИКА

Касами за Ахмети: Во време кога тој пишува писма ние реализираме проекти

Објавено October 29, 2024 16:40
Сподели
Сподели

Претседателот на Движење Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами за писмата кои Али Ахмети ги праќа до премиерот и до странски политичари оцени дека не се во интерес на граѓаните. Касами му порача на Ахмети да работи на реформи во неговата партија ДУИ.

– За жал Али Ахмети не работеше во интерес на граѓаните ниту кога беше во власта, ниту сега кога е во опозиција. Тој место да работи во реформирање на неговата партијата и да се спреми за следните избори, како што имаше доволно време кога беше дел од власта, за да се занимава со работи кои не беа негови, наместо да работи за граѓаните и сега во опозиција наместо да се занимава со работи кои се својствени за опозициона партија, тој има време за жал да пишува писма.Во време кога тој пишува писма ние реализираме проекти во интерес на граѓаните и на локално и на централно ниво, истакна Биљал Касами од Тетово.

Според лидерот на Движење Беса, статусот на Албанците не е загрозен, како што вели Ахмети во писмата.

– Го уверуваме и Ахмети и сите граѓани во оваа држава дека нема има уназадување на правата на Албанците и ние како коалиција ќе работиме за подобрување на животот на сите граѓани и за нас е важно Македонија да оди напред и меѓуетничките односи но и правата на сите граѓани и животот на сите граѓани да биде унапреден. Со тоа ние на дела покажуваме дека работиме во интерес на граѓаните, рече Касами.

Биљал Касами смета дека оваа Влада повеќе работи на реализирање на Коридорот 8.

– Цело време се жалеа во делот на Коридор 8, видовте дека вчера премиерот, министрите, заедно со амбасадорката на САД излегоа на терен и укажаа дека тоа што претходна Влада само декларираше дека ќе се работи во делот на Коридор 8, веќе и граѓаните се сведоци дека сега интензивно се работи за тој коридор. Тоа што Ахмети ветуваше и не реализираше, ние сме сега спротивно на тоа. Ние реализираме и повеќе од тоа што сме ветувале, истакна Касами.

Во Тетово како градоначалник Касами промовираше новоуреден паркинг за станари во Урбан блок 100.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски за „Катимерини“: Единствениот начин да се оди напред е преку создавање заеднички проекти кои ќе ги зближат двете земји уште повеќе
Следна Статија (ВИДЕО) Tрамвај удри во продавница во центарот на Осло

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Тошковски: Барањето за оставка на ДУИ е легитимно, но манипулативно

По барањето на ДУИ за итна оставка и интерпелација на министерот за внатрешни работи поради полициската интервенција за време на…

November 30, 2024
ПОЛИТИКА

СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ покажува дека се плаши од соочување со народот. Ова е коментарот што владејачката ВМРО-ДПМНЕ го даде во врска со…

December 5, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: Имаме концепт за дигитално Скопје, со еден клик до сите градски услуги

Младите се срцето на дигиталното Скопје што го градиме. Затоа, токму ним им ја отвораме вратата кон нови можности“, вели Каја…

September 20, 2025
ПОЛИТИКА

Перински: Нема законска можност општините да финансираат албанска академија на науките

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во интервју за МИА, коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?