Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тројца приведени, двајца повикани на службен разговор – ги малтретирале сопругите, партнерките, ќерките и снаите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Тројца приведени, двајца повикани на службен разговор – ги малтретирале сопругите, партнерките, ќерките и снаите
ХРОНИКА

Тројца приведени, двајца повикани на службен разговор – ги малтретирале сопругите, партнерките, ќерките и снаите

Објавено March 8, 2026 19:46
Сподели
Сподели

Лишени од слобода три лица и повикани на службен разговор две лица во Скопје, физички ги нападнале или агресивно се однесувале кон нивни сопруги, партнерка, ќерка и снаа, информираат денеска од МВР.

Синоќа во 20:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 12:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал и извршил обљуба врз неговата 40-годишна сопруга, со која извесен период не живеат заедно.

Истиот ден утрото, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.А.(38) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 05:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Центар физички ја нападнал неговата 36-годишна партнерка, која во самоодбрана го удрила со стаклено шише.

-На 07.03.2026 во 21:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Д.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом на подрачјето Карпош физички ја нападнал неговата 52-годишна сопруга. На 08.03.2026 во 11:35 часот во Пoлициската станица Кисела Вода, полициски службеници извршија службен разговор со С.Х.Н. (70) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 07.03.2026 околу 18:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода физички ја нападнал неговата 30-годишна ќерка, се вели во информацијата од МВР.

Вчера попладнето, пак, во 16:00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, полициски службеници извршиле службен разговор со Х.М.(54) од Скопје, постапувајќи по претходна поплака од нејзината 29-годишна снаа.

Според пријавеното, пријавената во текот на изминатите две години постојано ја навредувала снаата, а во минатото и физички била нападната. Притоа, пријавената се однесувала агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.

По целосно документирање на случаите, против сторителите ќе следуваат соодветни пријави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пациентка од Крива Паланка почина во возило на Итната помош
Следна Статија Трамп ги пречека телата на загинатите американски војници во војната со Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав

Исчезнатиот Владимир Бурев од Штип е пронајден жив и здрав. За него вчера беше пријавено дека исчезнал, а апелот масовно…

June 14, 2025
ХРОНИКА

Едномесечно бебе донесено починато на Детска клиника

На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот…

July 30, 2025
ХРОНИКА

Филмски грабеж кај патарината Миладиновци: Петмина со оружје ограбија возач

На автопатот „Пријателство“, во близина на наплатната рампа „Миладиновци“, 26-годишен жител на Кичево бил ограбен под закана со огнено оружје.…

October 28, 2025
ХРОНИКА

Седум возачи лишени од слобода поради управување возило без дозвола – двајца биле малолетници

Вчера се приведени седум возачи поради управување возило без возачка дозвола, од кои двајца се малолетници. -Во текот на вчерашниот…

February 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?