Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонски државјани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин со специјален лет се враќаат во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Македонски државјани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин со специјален лет се враќаат во Македонија
МАКЕДОНИЈА

Македонски државјани од Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин со специјален лет се враќаат во Македонија

Објавено March 11, 2026 10:59
Сподели
Сподели

Македонски државјани кои се наоѓаат во Саудиска Арабија, Кувајт и Бахреин, а побарале да бидат евакуирани, денеска од Ријад ќе се вратат во земјава со специјален лет организиран од Владата.

За евакуацијатa од Ријад се пријавени 153 патници. Од нив, 96 се од Катар, 33 од Кувајт, 15 од Бахреин и 9 од Саудиска Арабија.

Имајќи предвид дека нашата земја нема склучено договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е авионот да слета на аеродромот во Приштина, по што ќе биде организиран превоз за патниците до Скопје, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

 

Целата организација на летовите, вклучително и сите поврзани трошоци, се покриени од страна на Владата преку МНРиНТ.

 

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски во понеделникот информираше дека во тек е координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој се очекува да биде финализиран до крајот на оваа недела.

 

Вчера со лет од Дубаи евакуирани беа 150 патници, од кои 125 македонски државјани, 11 државјани на Косово, 7 на Србија, по двајца државјани на Босна и Херцеговина и на Албанија и по еден државјанин на Германија, Ерменија и на Црна Гора.

 

Во Обединетите Арапски Емирати остануваат околу 200 македонски државјани кои, како што велат од МНРиНТ, првично се пријавиле за евакуација, но според нивните изјави во овој момент не изразуваат подготвеност да ја реализираат.

Претходно, во неделата 151 патник пристигна на скопскиот аеродром од Обединетите Арапски Емирати со лет на „Флај Дубаи”. Повеќето се македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија, двајца се од Косово, а четворица се со холандско државјанство.

На 5 март со владиниот авион беа евакуирани шест македонски државјани од Израел, кои полетаа од Шарм ел-Шеик, Египет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Стратешкото партнерство со САД ја гарантираат стабилноста и економскиот просперитет на Македoнија
Следна Статија Цената на нафтата продолжи да паѓа по најавите за најголемо ослободување на резервите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Eве како Филипче лажеше дека во Македонија ќе дојдат мигранти (ВИДЕО)

Лагите и манипулациите од страна на СДС и Филипче, за наводни мигранти во Македонија, ја демантираше викендов британскиот амбасадор Метју Лосон.Откако…

March 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Коњановски: Противпожарната зграда во Битола во финална фаза

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, објави дека изградбата на новата противпожарна зграда во градот влегува во својата финална фаза, што…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Голем проток за три дена : Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“

На граничните премини на македонско-албанската граница, посебно на преминот „Ќафасан“ кај Струга, продолжува големиот проток на патници и возила. –…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сити аутсорсинг по обвинувањата од СДСМ: Посоченото лице нема врска со нашата компанија, ова е политичка прсметка врз наш грб

Сити Аутсорсинг како компанија која повеќе години успешно работи на пазарот, со над 70 вработени и со целосно, редовно подмирување…

December 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?