Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: КОНЕЧНО НЕКОЈ ДА ИМ ЗАСТАНЕ НА ПАТОТ – Окриени неправилности кај продавниците за брзи кредити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > КОНЕЧНО НЕКОЈ ДА ИМ ЗАСТАНЕ НА ПАТОТ – Окриени неправилности кај продавниците за брзи кредити
ЕКОНОМИЈА

КОНЕЧНО НЕКОЈ ДА ИМ ЗАСТАНЕ НА ПАТОТ – Окриени неправилности кај продавниците за брзи кредити

Објавено March 11, 2026 13:50
Сподели
Сподели

При реализиран надзор над работењето на финансиските друштва констатирани се одредени измамнички трговски практики коишто се однесуваат, маѓу другото на рекламирањето на финансиските услуги и други дејствија од финансиските друштва, спротивно на Законот за заштита на потрошувачите, информира Министерството за финансии (МФ).

-При надзорот констатирани се рекламирање со 0 отсто камата, иако во договорот за кредит биле предвидени други дополнителни трошоци. Исто така, констатирани се неправилности коишто се однесуваат на рекламирање на финансиски услуги под брендови без да се наведе финансиското друштво коешто ја нуди конкретната услуга, потоа користење повеќе веб страници од страна на исто финансиско друштво, како и користење назив на друштвото во деловните простории различен од називот утврден во дозволата за работа на финансиското друштво, соопшти МФ.

На сите финансиски друштва кај коишто утврди неправилности, Министерството за финансии им наложи да ги отстранат сите реклами и натписи во деловните простории коишто би можеле да ги доведат граѓаните во заблуда. Во спротивно, како што велат, Министерството за финансии ќе ги преземе расположливите мерки во насока на заштита на граѓаните како корисници на финансиските услуги.

-Во насока на усогласување со законските одредби, финансиските друштва се должни да го користат исклучиво називот согласно дозволата за работа издадена од Министерството за финансии, како и користење една веб страница, која јасно укажува за кое финансиско друштво станува збор. Согласно Законот за заштита на потрошувачите одредена трговска практика се смета како измамничка доколку во содржината изостануваат битни инфромации што на потрошувачот му се потребни за да донесе правилна одлука, прецизираат од Министерството за финансии. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трет брод нападнат во Ормуски Теснец
Следна Статија Мицкоски соопшти дека не го познава Савески, но се распрашувал за него

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО)Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека…

January 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Очекувам стабилна грејна сезона и покрај затекнатите предизвици во комбинатот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска заедно со раководството на Комбинатот и членови на Управниот одбор…

October 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ, Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

М-НАВ АД Скопје денеска преку соопштение повтори дека Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ, евентуалното организирање на штрајк како…

October 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со силно темпо напредува изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски информираше дека со засилена динамика продолжуваат градежните работи на автопатот Гостивар…

June 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?