Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кузеска: Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кузеска: Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не
ПОЛИТИКА

Кузеска: Сите земји во регионот воведоа мерки за ограничување на цените на бензините само владата на Мицкоски не

Објавено March 11, 2026 14:45
Сподели
Сподели

СДСМ денеска на прес-конференција ги претстави двата различни ставови на ВМРО-ДПМНЕ околу цената на горивата – едниот кога кога беше во опозиција, а другиот кога сега е власт. Првиот пат бараа да се намали акцизата за 50 отсто, а сега премиерот Христијан Мицкоски тврди дека таков предлог на СДСМ е „соцболшевизам“.

На денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, ја обвини владата на Мицкоски дека не ги ограничува цените на горивата и покрај тоа што цената на нафтата на светските берзи е во пад, а земјите од регионот веќе воведоа мерки за нивно ограничување.

„Очигледно Мицкоски намерно профитира на грбот на народот. Мицкоски вели најевтино гориво имало во Македонија. А што е со платите? Па проблем е што платите се најниски во Европа и куповната моќ на македонските граѓани е на дното. Тоа е проблемот, нискиот стандард и ниските плати“, рече Кузеска .

Таа ја обвини власта и дека одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра.

Иако признаваат дека СДСМ ја покачи минималната плата, за ВМРО тоа не било доволно, продуктивноста била проблем. Сега се власт, владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра. Излегува Мицкоски и вели хистерија е барањето за поголема плата. Со часовници од 60 000 евра, вредни колку 150 минимални плати, Мицкоски ги прави хистерични работниците затоа што бараат 600 евра плата“, додаде портпаролката на СДСМ.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 160 пациенти чекаат за трансплантација на бубрег
Следна Статија Мицкоски – Мизо: 55 отсто од странските инвеститори планираат повторни вложувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО ДПМНЕ: Наместо да го чисти сметот, Арсовска прави „селфи“ пред Влада

ВМРО-ДПМНЕ излезе со коментар на фотографијата што денеска се појави на социијалните на која градоначалничката на Скопје Данела Арсовска прави…

October 22, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор

Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата не…

July 5, 2025
ПОЛИТИКА

СДС наместо секој ден да прави аматерски сценарија за Груби да го повикаат да се соочи со правдата, апелираат од ВМРО ДПМНЕ

СДС да и соопштат на јавноста со што толку многу се задолжија кај ДУИ и Груби што и покрај сите…

December 22, 2024
ПОЛИТИКА

Влада: Имаме редовна комуникација со владините партнери, средба со АА по први мај

Премиерот Христијан Мицкоски во моментов има редовна комуникација со членовите на Владата, велат од премиерскиот кабинет за МИА. Оттаму повторуваат…

April 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?