Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Застрашувачки најави од Иран: Подгответе се за цена на нафтата од 200 долари за барел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Застрашувачки најави од Иран: Подгответе се за цена на нафтата од 200 долари за барел
СВЕТ

Застрашувачки најави од Иран: Подгответе се за цена на нафтата од 200 долари за барел

Објавено March 11, 2026 16:58
Сподели
Сподели

По претходната политика на „одмазднички удари“, Иран преминува кон тактика на „континуирани напади“ врз своите противници, а САД нема да можат да ги контролираат цените на нафтата, објави оперативната команда на армијата Хатам Ал-Анби.

Хатам ал-Анбија е главната оперативна команда на иранските вооружени сили што ги координира воените операции на редовната армија и Револуционерната гарда. Тоа е штаб што ги планира и води најголемите воени операции на Иран во воени и кризни ситуации.

„Нема да дозволиме ниту еден литар нафта да стигне до САД, ционистите и нивните партнери. Секој брод или танкер што плови кон нив ќе биде легитимна цел“, рече портпаролот на командата Ебрахим Золфагари.

„Подгответе се цената на барел нафта да достигне 200 долари бидејќи цената на нафтата зависи од регионалната безбедност, која вие ја дестабилизиравте“, додаде тој.

Војната веќе доведе до силен пораст на цените на нафтата. Во понеделникот, цените накратко се приближија до 120 долари за барел, највисоко ниво за речиси четири години, пред делумно да се намалат подоцна во текот на денот.

Техеран практично го запре товарниот сообраќај низ Ормускиот теснец, низ кој вообичаено поминува околу една петтина од светската трговија со нафта. Ракетите погодија неколку бродови што минуваат низ Персискиот Залив и Ормускиот теснец, објави денеска Британскиот центар за поморски трговски операции (UKMTO).

Централната команда на САД (CENTCOM) вчера објави дека американските сили уништиле неколку ирански воени бродови, вклучувајќи 16 бродови за поставување мини во близина на Ормускиот теснец.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен наставник од средното уметничко училиште во Скопје за сексуално вознемирување на ученичка
Следна Статија Академик Живко Попов: Борбата за македонскиот јазик не е завршена!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Иранското знаме се развиори среде САД

Иран ремизираше 2:2 со Нов Зеланд во нивниот прв натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Нов…

June 16, 2026
СВЕТ

Русија и Украина си разменија уште по 307 воени заробеници

Русија и Украина ја продолжија најголемата размена на заробеници досега, при што секоја страна ослободи уште 307 лица, соопшти денеска…

May 24, 2025
СВЕТ

Eдна војна помалку во светот: Што содржи договорот меѓу Израел и Хамас

Израел и Хамас се согласија за прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците по 15 месеци…

January 16, 2025
ЗАБАВАСВЕТ

Француски моден агент поврзан со Епштајн пронајден мртов

Францускиот моден агент Даниел Сиад, познат по своите врски со покојниот американски финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епштајн, е…

July 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?