Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 11 часот од водите на реката Вардар извадија тело на женско лице.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на почината било дадено на обдукција.
-Подоцна е констатирано дека се работи за 50-годишната А.Х.И.(50) од Скопје, за која во меѓувреме член нејзиното семејство пријавил дека утрото после 08 часот излегла од дома и не се вратила, информира МВР.
Увид е извршен и се работи на расчистување на случајот.