Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На граничен премин Блаце спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > На граничен премин Блаце спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле
ХРОНИКА

На граничен премин Блаце спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле

Објавено March 12, 2026 19:16
Сподели
Сподели

Царински службеници на граничниот премин Блаце, на влез во државата, спречија обид за криумчарење на вкупно 120 килограми тутун за наргиле, со вредност од 384 илјади денари кои биле наменети за продажба на македонски пазар. Против сторителот, од страна на Одделението за истраги, е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење“, казниво согласно Кривичниот законик. Со ова е спречен обид за нелегална трговија со акцизна стока за која е избегнато плаќање давачки во износ од 744 илјади денари, од кои 342 илјади денари се однесуваат на акциза.

Сторителот Ф.Б. државјанин на Македонија набавил вкупно 480 пакувања тутун за наргиле од по 250 грама од лице од Приштина и истите ги сокрил во багажникот, при што дел ги сместил во просторот наменет за резервна гума, а останатите ги покрил со прекривка. При влез во државата, на прашање од страна на царинските службеници дали има нешто за пријавување, лицето изјавило дека нема ништо. Поради сомневање во дадената изјава, службениците извршиле детална контрола, при што биле пронајдени непријавените тутунски производи.

Од почетокот на годината, Царинската управа откри четири случаи на кривични дела поврзани со криумчарење и нелегална трговија со тутунски производи, за кои се поднесени соодветни кривични пријави до надлежното обвинителство.

Нелегалниот тутун го загрозува здравјето на граѓаните и ја поткопува легалната трговија и оттука Царинската управа во континуитет спроведува акции со цел спречување на обиди за криумчарење тутун и тутунски производи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија КОЈ ЧЕКА ЌЕ ДОЧЕКА: Кичево – Охрид ќе се гради уште една година, потпишан нов анекс за уште186 милиони евра
Следна Статија Сопругата на покојниот Али Хамнеи е жива?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

По повреда на раката од петарда синоќа: 13- годишно дете ќе остане со инвалидитет

Тринаесетгодишно дете со тешка повреда на раката од петарда за време на новогодишната ноќ е примено на Ургентниот центар на…

January 1, 2025
ХРОНИКА

Oд каде им се снимките од „цитроенот“ на Панче на Кираца и синот?

Кираца Трајковска,поранешен заменик директор во „Фершпед“ денеска се појави во својство на сведок во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска…

November 15, 2024
ХРОНИКА

Дедо доби кривична – мачел животни

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка, поднесе кривична пријава против К.Д.(78) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение…

October 28, 2024
ХРОНИКА

Возел со 2,60 промили алкохол во крвта, па излетал од пат

Вчера во 18.05 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, патничко возило „фиат стило“…

March 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?