Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: КОЈ ЧЕКА ЌЕ ДОЧЕКА: Кичево – Охрид ќе се гради уште една година, потпишан нов анекс за уште186 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > КОЈ ЧЕКА ЌЕ ДОЧЕКА: Кичево – Охрид ќе се гради уште една година, потпишан нов анекс за уште186 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

КОЈ ЧЕКА ЌЕ ДОЧЕКА: Кичево – Охрид ќе се гради уште една година, потпишан нов анекс за уште186 милиони евра

Објавено March 12, 2026 19:16
Сподели
Сподели

Потпишан е Анекс број 8 на Договорот за изградба на автопатот Кичево – Охрид, со кој се обезбедуваат дополнителни средства и нов рок за завршување на проектот.

Како што соопшти Јавното претпријатие за државни патишта, анексот го потпишаа заменик-претседателот на Владата задолжен за политички систем Љупчо Димовски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и директорот на претпријатието Коце Трајановски и генералниот претставник на компанијата „Синохидро“ во Македонија, Чен Чен.

Со анексот се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, а новиот рок за завршување на автопатот е 31 мај 2027 година.

Дополнителните средства се наменети за непредвидени и нови градежни работи неопходни за целосно завршување на проектот, меѓу кои санација на 14 свлечишта, обезбедување глобална стабилност на трасата, поставување еластична одбојна ограда според европскиот стандард EN 1317, изградба на контролен центар, како и изградба на дополнителни паралелни патишта.

Од Јавното претпријатие посочуваат дека со овој анекс се надминуваат проектните предизвици поврзани со косините и свлечиштата и се создаваат услови за поинтензивно продолжување на градежните активности.

Во изминатиот период дел од трасата веќе беше пуштен во сообраќај. Во текот на 2025 година беа отворени три делници на потегот Врбјани – Ботун и Климештани – Охрид, со вкупна должина од 27,96 километри, а беа изградени и дел од пристапните патишта до околните населени места.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Очекувам позитивни работи во блиска иднина за инфраструктурата, транспортот и многу нови работни места во Македонија!
Следна Статија На граничен премин Блаце спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Намалувањето на провизиите е индивидуална одлука на банките, но се разгледуваат опциите, велат од Банкарската асоцијација

Банките ги разгледуваат тарифите за можноста за намалување на провизите на одредени услуги, по барањето што го упати минатата недела…

July 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: И во 2025-та очекувам висока бројка на странски директни инвестиции

-2024 година ја завршивме со рекордно историско ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра со што…

March 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Откупната цена на тутунот се зголеми на 400 денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека е постигната историски највисока цена на откупна цена на тутун по килограм од 400…

December 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

(ФОТО) Мицкоски на средба со претставници од Германско-македонската стопанска комора

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на настан организиран од Германско-македонската стопанска комора, кој, како што вели бил одлична можност за…

November 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?