Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Tрамп: Иран не треба да настапи на СП
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Tрамп: Иран не треба да настапи на СП
СПОРТ

Tрамп: Иран не треба да настапи на СП

Објавено March 12, 2026 19:56
Сподели
Сподели

Американски0т претседател Држави, Доналд Трамп порача денеска дека не би било соодветно иранската фудбалска репрезентација да настапи на претстојното Светското првенство од безбедносни причини.

„Иранската фудбалска репрезентација е добредојдена на Светското првенство, но навистина не верувам дека би било соодветно тие да бидат тука поради нивните животи и безбедност“, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Оваа порака се разликува од онаа што му ја пренесе на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој во вторникот изјави оти Трамп го уверил дека иранските фудбалери ќе бидат добредојдени на Светското првенство, кое ова лето заедно ќе го организираат САД, Канада и Мексико.

Официјален претставник на Белата куќа, кој инсистираше на анонимност, ја потврди пораката на Трамп до Инфантино во врска со учеството на Иран на мундијалскиот турнир од 11 јуни до 19 јули.

Белата куќа денеска не ги појасни зборовите на Трамп „за нивните животи и безбедност“.

Претходно, иранските власти објавија дека не е можно националниот тим да учествува на Светското првенство.

Иран треба да игра во Инглвуд против Нов Зеланд на 15 јуни и против Белгија на 21 јуни, а групната фаза да ја заврши против Египет на 26 јуни во Сиетл.

Израел и САД го нападнаа Иран пред 12 денови и поради војната што се прошири на Блискиот Исток, можни се откажувања и одложувања на бројни спортски натпревари

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вака се тепаа фановите на Селта и Лион
Следна Статија Досега евакуирани 380 македонски државјани од Блискиот Исток

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора

Прославениот српски кошаркар Владе Дивац е опериран, откако доживеа сообраќајната несреќа во четвртокот во Црна Гора, јавија претпладнево српските медиуми.…

June 20, 2025
СПОРТ

Македонија со победа над Полска ги заврши евроквалификациите во кошарка

Македонската машка кошаркарска репрезентација со победа вечерва над Полска во Скопје од 88-74 го заврши квалификацискиот циклус во кој не…

February 25, 2025
СПОРТ

(Видео) Таткото и синот Џејмс заедно на теренот

Леброн и Брони Џејмс прво играа заедно во тимот на Лос Анџелес Лејкерс. Во контролен натпревар Лејкерси загубија од Феникс…

October 7, 2024
СПОРТ

Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

Оскар Пјастри ја освои Големата награда на Кина. Австралиецот кој прв пат во кариерата стартуваше од пол-позицијата, на патеката во…

March 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?