На подрачјето на Центар малолетник вчера околу 19:30 чаот бил физички нападнат од двајца малолетници, од кои едниот подоцна на подрачјето на Гази Баба репетирал огнено оружје кон малолетникот и пукал, а другиот фрлал тврди предмети.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје денеска во 03:30 часот.
– Н.И.(39) од Скопје пријави дека на 11.03.2026 во 19:30 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Според пријавеното, подоцна на подрачјето на Гази Баба едниот од нив репетирал огнено оружје кон малолетникот и пукал, а другиот фрлал тврди предмети кон неговиот син – информираат од МВР.
Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.