Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вака изгледа Дојранското езеро од другата страна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Вака изгледа Дојранското езеро од другата страна
ЗАБАВА

Вака изгледа Дојранското езеро од другата страна

Објавено March 13, 2026 16:40
Сподели
Сподели

 За многумина намерници грчката страна на Дојранското Езеро е непознаница и сликата од Дојран како туристичка дестинација, од македонскиот дел, е сосема спротивна. Имено, освен граничниот премин Дојрани и истоименото населено место, кое е во состав на Кукуш, два рибни ресторани и една продавница и уредено крајбрежие, поголемиот дел од Езерото е слика како од друг предел – со исушени дабови дрвја во водата и секако поглед кон Дојран, кој сепак е многу поразличен од поделената вода со граничната линија низ која се протегаат познатите „буриња“ со кои таа е исцртана и без ниту едно друго населено место.

Заедно со мојот пријател и придружник Ниази Зулфликаров-Надо, кој „Ѓолот“, како што дојранчани го нарекуваат Езерото, го „ има во џеб“, прва десетинација ни беше рибниот ресторан (таверна) „Васили“ веднаш на влез во Грција на граничниот премин, но претходно направивме прошетка по уреденото шеталиште кое се протега од некогашната водена кула за парните локомотиви, па се до брегот.

Прво што ни падна во очи е „Езерскиот музеј“ кој е изграден во 2000 година и беше затворен кога МИА беше таму и големиот зараснат канал „Ѓолаја“ со трска и шамак, низ кој, како што објаснува Надо, истекувал вишокот вода од Езерото.

-Сега, по сушните години, нивото е пониско и водата не истекува преку него. Тој канал оди до реката Вардар кај Поликастро и според кажувања до пред 30 години преку него во зима влегувале јагули од Егејското Море, кои тука се мрестеле и потоа се враќале назад. На самиот крај од каналот има мини брана, која по потреба се подигнува и се пушта водата да тече, објаснува Зулфликаров.

Ми ги покажува местата со големи камења, од каде на дланка се гледа Дојран, но и влезот кај јужниот сосед, каде, до пред неколку години, заедно со пријателите, рибареле и на нивните јадици се закачувале големи примероци на дојрански крап, па на тоа му завидувале и тукашните риболовци, кои имале помалку рибарска среќа од него.

Се упатуваме кон рибниот ресторан (таверна) „Васили“ сопственост на Васили Василис, кој 19 години работи и на менито секогаш има дојранска риба-крап, сом и костреж или како што го нарекуваат кострежот во двете места-„перкија“.

-Во Дојрани живеат околу педесетина жители. Работа има колку да се преживее. Гости имам повеќе од околните поголеми места и исклучиво служам дојранска риба. По тоа е позната мојата таверна и секој кој сака вкусна риба доаѓа тука. Во летниот период застануваат туристи, но тие најчесто пијат само кафе, се освежуваат и продолжуваат понатаму, вели Васили.

Додава дека често пати оди од другата страна на границата, најчесто во дојранските казина, но и да пазарува во нашите маркети кои се поефтини од грчките.

Според јавно достапни податоци порано во Дојрани живееле околу 1.100 жители, но со тек на времето се иселиле во поголемите грчки градови, претежно во Кукуш и Солун. Тоа го потврдува и Васили, кој вели дека освен рибарство и по малку земјоделство нема од што друго да се живее во Дојрани и затоа жителите заминале.

Заминуваме од таверната на Васили и се упатуваме по широкиот и простран асфалтен пат кон другата страна на Езерото. Прво на што наидуваме е знакот дека влегуваме во областа на „1.000 дрвја“, односно заштитен споменик на природата во кој има дабови дрвја потопени во водата,стари и по неколку векови.

Според мојот придружник Надо, од оваа страна Езерото водата е почиста бидејќи нема загадување и дното има повеќе чакал, но, како што вели тој тука има и повеќе риба, односно дојранскиот крап тука се собира, бидејќи е потивко, но често е мета на рибокрадци, посебно кога се мрести.

Веднаш до локацијата „1.000 дрвја“ забележлива е една руина, која до повеќе години била ресторан веднаш до Езерото, но кога нивото на водата се зголемило, тој останал под водата и оттогаш не работи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mило Ѓукановиќ поседува оружје како за мала војска (ФОТО)
Следна Статија Тато ги го носам синот, чувај го: Погребан братот на Дарко Лазиќ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Еден хороскопски знак ќе има најмногу успех и среќа до крајот на годината

Рускиот астролог Василиса Володина откри кој знак од Зодијакот ќе има најмногу среќа и успех до крајот на 2024 година,…

November 29, 2024
ЗАБАВА

На ретроградниот Меркур му дојде крајот: Родените во овие три знаци ќе процутат

Три знаци по денешниот ден, 7 април, ќе го вратат чувството за контрола, ефикасност и ментална стабилност. Добрата вест е…

April 7, 2025
ЗАБАВА

Што треба да правите ако грчката полиција ви ги oдземе табличките?

Мишко за Voria.gr, раскажа дека нивниот одмор бил уништен поради еден прекршок. „Сè започна пред супермаркет во Пефкохори, во областа…

July 11, 2025
ЗАБАВА

70-годишниот актер Келси Грамер по осми пат ќе стане татко

Американскиот глумец Келси Грамер на 70-годишна возраст по осми пат ќе стане татко. На фотографиите коишто ексклузивно ги објави „Пипл“…

June 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?