Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Поднесено е обвинение за Стојанче Јовановски за сурово насилство и наведување на самоубиство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Поднесено е обвинение за Стојанче Јовановски за сурово насилство и наведување на самоубиство
ХРОНИКА

Поднесено е обвинение за Стојанче Јовановски за сурово насилство и наведување на самоубиство

Објавено March 13, 2026 18:53
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице (Стојанче Јовановски) на кое му се ставаат на товар три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, потоа Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и кривично дело – Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик, соопштија пред малку од ЈО.

Како што стои во соопштението, „Обвинетиот, на 2 март на повеќе локации во Скопје, при вршење семејно насилство телесно ја поврeдил неговата сопруга. Ја удирал со шлаканици и тупаници, нанесувајќи и телесни повреди, од кои таа во еден момент и изгубила свест. Истиот ден, на паркингот зад Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот упатил и сериозни закани кон оштетената дека ќе нападне врз нејзиниот живот и тело, со што предизвикал кај неа чувство на несигурност, загрозување и страв.

Согласно обезбедените докази, обвинетиот подолг временски период сурово и нечовечно постапувал кон оштетената, која спрема него се наоѓала во положба на фактичка и егзистенцијална зависност и подреденост, па поради таквото постапување таа на 2 март извршила самоубиство кое може да се припише на небрежност на обвинетиот. Обвинетиот издејствувал сега починатата Ивана Јовановска во ноември 2022 година да му го отстапи со Договор за дар својот идеален дел од станот во кој живееле заедно со нивната малолетна ќерка, со тоа што оштетената и детето требало да останат да живеат во станот. Но, по стекнувањето на сопственоста, обвинетиот започнал психички и физички да ја малтретира, а во 2025 година интензитетот на малтретирањата преоѓа во сурово и нечовечко постапување кон сопругата.

Обвинетиот се почесто ја тепал и ја омаловажувал во нивниот дом во присуство на нивната малолетна ќерка, на јавни места, и пред други сведоци, заканувајќи и се дека ќе ја избрка од домот каде живееле, и дека ќе ѝ ја одземе нивната малолетна ќерка. Кога на критичниот ден жената повторно била изложена на неговото психичко и физичко малтретирање на повеќе локации, како и на неговите закани и навреди, се вратила во станот заедно со детето. Побарала да се качи сама со ќерката во станот за да се спакува и да замине, но обвинетиот инсистирал да се качи со неа каде продолжил да и се заканува. Сведок на настанот го оттурнал обвинетиот и заедно се симнале пред зградата за да ја почекаат оштетената да се спакува.

Но, малтретирањето ја довело оштетената во состојба на тешка психичка вознемиреност, страв, безнадежност и чувство на безизлезност, и таа без разумно да управува и да ги контролира своите постапки, извршила самоубиство, скокајќи од терасата на станот од шестиот кат заедно со нивното малолетно дете.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство и можноста да продолжи да врши насилнички кривични дела“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Екс директорот на „Комунална хигиена“ – Сабахадин Рустеми доби кривична
Следна Статија Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради протест

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ужас во Кичево: 72-годишник силувал девојче

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување…

April 29, 2025
ХРОНИКА

Падна и последниот осомничен во предметот „Планина“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по вчерашното лишување од слобода на лицето…

December 30, 2024
ХРОНИКА

Маж пронајден мртов во неговата куќа

48-годишниот А.А. од Скопје бил пронајден мртов во семејна куќа во село Удово. Според информациите од полицијата, починатиот имал здравствени…

February 9, 2025
ХРОНИКА

Член на Десна разговарал со Палчо на денот кога била убиена Вања на Телеграм, ама комуникацијата веднаш се избришала

Зоран Петковски, поранешен полицаец, член на партијата Десна рече дека на денот кога е убиена Вања разговарал со Палевски во…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?