Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вереницата на Лука Дончиќ сакала да живее во Словенија наместо во САД
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Вереницата на Лука Дончиќ сакала да живее во Словенија наместо во САД
СПОРТ

Вереницата на Лука Дончиќ сакала да живее во Словенија наместо во САД

Објавено March 13, 2026 19:02
Сподели
Сподели

Лука Дончиќ потврди дека ја прекинал врската со својата свршеница Анамарија Голтес и оти води правна битка за старателство над нивните две ќерки, потврди ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс за „ЕСПН“.

– Ги сакам моите ќерки повеќе од сè. Направив сè што можев за да бидат со мене во САД во текот на сезоната, но тоа не беше можно. Неодамна донесов тешка одлука да ја прекинам мојата врска. Сè што правам е за среќата на моите ќерки. Секогаш ќе се борам да бидам со нив и да им го дадам најдобриот можен живот, изјави словенечкиот кошаркар.

Претходно, „Ти-ем-зи“ (TMZ) објави дека Голтес побарала од Лука Дончиќ алиментација и судски трошоци. НБА-ѕвездата и неговата свршеница беа 12 години во врска, и имаат две ќерки: Габриела и Оливија. Извор запознаен со случајот пренесува дека едната ќерка на Дончиќ минала само три дена со својот татко минатата пролет, додека другата никогаш не била во САД, каде што моментно живее словенечкиот кошаркар.

Според изворот, Лука Дончиќ, кој во август минатата година потпиша тригодишно продолжување на договорот со Лос Анџелес Лејкерс во вредност од 165 милиони долари, отсекогаш го издржувал своето семејство и ги плаќал сите трошоци на своите ќерки.

Првата ќерка, Габриела, е родена во ноември 2023 година, додека малата Оливија е родена во декември 2025 година.

Дончиќ изразил желба да ја однесе Габриела во САД на почетокот на декември. Во тоа време, имало несогласувања со Голтес. Таа повикала полицијата, но како што се наведува, „не се утврдени елементи на кривично дело или прекршок“ од страна на Дончиќ. Кошаркарот се појавил во болницата во Крањ на денот кога се родило второто дете, а оттогаш наводно не ја видел ниту новородената Оливија ниту неговата (веќе поранешна) свршеница.

На крајот на февруари, тој поднел барање до судовите во Словенија барајќи итна средба со Габриел и Оливија.

Инаку, Дончиќ ѝ предложил брак на Анамарија Голтес во јули 2023 година. Тие се во љубовна врска од 2016 година. Гласините за прекинување на свршувачката се појавија во многу медиуми во последните денови, а сега самиот славен кошаркар го потврди разделувањето.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Цената на нафтата скокна 102 долари по барел
Следна Статија Мицкоски: Од Македонија која коленичеше, сега станавме фактор на стабилност

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Кевин Дурант стана најплатен НБА кошаркар

Кевин Дурант и натаму е во центарот на вниманието. Тој во својата 37 година од животот го продолжи договорот со…

October 21, 2025
СПОРТ

Германија „тргна“ со победа во втората фаза на Европското првенство

Репрезентацијата на Германија со победа ја стартуваше втората фаза од Европското првенство. Германските ракометари ја совладаа Португалија со 32:30 и…

January 22, 2026
СПОРТ

Роналдо купи акции во овој шпански клуб

 Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, стана ко-сопственик на шпанскиот клуб од Втората дивизија, Алмерија. Според официјалното соопштение на Португалецот, договорот…

February 26, 2026
СПОРТ

Гатузо: На Трајковски му должам голема благодарност, слободно можеше да ме испрати каде што не треба

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски вчера постигна победнички гол за Хајдук на мечот со Ријека за 2:1, а тренерот на сплиќани…

May 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?