Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Од Македонија која коленичеше, сега станавме фактор на стабилност
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Од Македонија која коленичеше, сега станавме фактор на стабилност
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Од Македонија која коленичеше, сега станавме фактор на стабилност

Објавено March 13, 2026 19:11
Сподели
Сподели

Не постои проблем кој во дијалог и искрени разговори и договори не може да биде решен, што е случај и фер однесувањето на трговците во земјата во последниот период – вели премиерот Христијан Мицкоски.

– Јас не би се изразил толку строго со реториката во делот на покажување мускули или покажување сила од страна на државата. Мислам дека преку еден конструктивен дијалог не постои проблем што нема да биде решен, како и сите досегашни проблеми. На таков начин, од онаа Македонија што пред некоја година коленичеше и правеше естрада кога добиваше донација од 5.000 вакцини против ковидот, сега станавме држава која во регионот е фактор на стабилност, која помага на соседите – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали фер однесувањето на трговците во последниот период е резултат на тоа што државата „покажала мускули“ кон нив.

Потсети дека државата се движи напред како резултат на такви договори и разговори и затоа може да биде фактор на стабилност во регионот, дури и да им нуди и помош на соседите.

– Така беше и за време за онаа енергетска криза кај нашиот северен сосед кога неколку стотици илјади граѓани таму останаа без електрична енергија, македонската армија испрати екипи и донира агрегати и во текот на зимата кога тоа им беше потребно на граѓаните на соседната држава ние помогнавме. Исто така, и сега кога се евакуираа нашите граѓани од подрачјата во Заливот, каде што има воени активности, покрај македонските граѓани, приближно 380, кои побараа транспорт во делот на земјите од Заливот – ОАЕ, Кувајт, Катар, Бахреин, Оман, Саудиска Арабија и други, имаме и 80 граѓани од соседните земји. Тука, пред сѐ, мислам на Албанија, Косово, Србија, БиХ, Грција итн., па сѐ до фактот што овој понеделник е забележан историски највисок пик на дотур на нафта и нафтени деривати на корисници. Бројката што ќе ја кажам, можеби ќе погрешам, но станува збор за речиси 2 милиона литри дневна потрошувачка. Тоа значи дека не само македонските граѓани туку и од соседните држави доаѓаат кај нас да полнат гориво, без разлика дали е тоа нафта или бензин. Што значи дека кога се сака, сѐ може и кога се има план и идеја и желба, сѐ може да се направи – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на Кочани.

Потенцира дека како Влада даваат сѐ од себе да работат на подобрување на економијата и подобрување на животот на граѓаните.

– Има многу работи што треба да се направат. За жал, тоа се децениски проблеми, но ресурсите се ограничени и работиме врз основа на приоритети, ги решаваме проблемите, не ги ставаме под тепих, не сме Влада што констатира проблеми, туку Влада што констатира, или да се изразам медицински, прави анамнеза и потоа нуди решенија – истакна премиерот Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вереницата на Лука Дончиќ сакала да живее во Словенија наместо во САД
Следна Статија Тошковски: „Тигар“ 45 години симбол на врвна подготвеност и храброст на македонската полиција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во Белград бесплатен јавен превоз, во Скопје никаков

Главниот град на соседна Србија за помалку од две недели ќе добие бесплатен јавен превоз. Скопје „е далеку“ од Белград,…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Mуцунски и бугарската министерка се слушнаа по телефон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република…

June 15, 2026
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Одговорност ќе има за сите што го прекршиле законот, но за висока корупција и кражби од епски размери не е можно брзо постапување

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска уште еднаш вети дека ќе има одговорност за сите што го прекршиле законот,…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ни треба деполитизирана администрација, каде клучни ќе бидат стручноста и посветеноста

Нашата визија е јасна, сакаме јавна администрација којашто ќе биде пример за ефикасност, транспарентност и отчетност, истакна премиерот Христијан Мицкоски…

November 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?