Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Собранието в среда ќе одлучува за Савески за државен јавен обвинител
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Собранието в среда ќе одлучува за Савески за државен јавен обвинител
МАКЕДОНИЈА

Собранието в среда ќе одлучува за Савески за државен јавен обвинител

Објавено March 13, 2026 19:24
Сподели
Сподели

Собранието на Македонија во среда, на 18 март, ќе одржи седница на која треба да се гласа за избор на нов државен јавен обвинител. Владата го предложи Ненад Савески, судија во Основниот кривичен суд Скопје, а за негов избор потребни се најмалку 61 глас од пратениците.

Савески е судија од 2016 година во одделот за организиран криминал и корупција во Кривичниот суд во Скопје. Претходно работел како јавен обвинител во Основното јавно обвинителство, а кариерата ја започнал во Основниот суд во Гостивар.

Тој е магистер по казнено право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – УКИМ во Скопје и има учествувано во повеќе експертски проекти на ОБСЕ, Советот на Европа и УСАИД.

На огласот за државен јавен обвинител се пријавија пет кандидати, меѓу кои и актуелната в.д. обвинителка Анита Тополова‑Исајловска и обвинителката Ленче Ристовска. Позицијата остана испразнета откако поранешниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка во декември минатата година.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради протест
Следна Статија Само половина од населението е финансиски писмено, а учениците знаат само основни поими

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Катица Јанева излезе на условен отпуст

Поранешната шефица на згаснатото Специјално јавно обвинителство, Катица Јанева, тивко го напушти „Идризово“ на почетокот на неделата. Жената која беше…

December 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

АНАЛИЗА: За 19 години, 10 министерски смени во здравство

Најдолг мандат како министер во ресорот здравство, од 6 години имаше Никола Тодоров, најкраток од пет месеци имаа Арбен Таравари…

May 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Обвинителот Јанев: Злодело е постоење на ваков објект толку години

Обвинителот Борче Јанев во читањето на пресудата за пожарот рече дека ваква трагедија не се памети и дека има и…

November 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Платформата за следење на проектите финансирани од Владата – силна порака дека државата е решена да биде отворена и отчетна

Ја промовираме алатката важна во современото функционирање на државата – новата Платформа за следење на проектите финансирани од Владата. Ова…

December 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?