Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Цената на нафтата скокна 102 долари по барел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Цената на нафтата скокна 102 долари по барел
ЕКОНОМИЈА

Цената на нафтата скокна 102 долари по барел

Објавено March 13, 2026 19:29
Сподели
Сподели

Цените на нафтата денес на меѓународните берзи пораснаа кон 102 долари, бидејќи суспензијата на американските санкции за руските барели беше засенета од сигналот на Вашингтон за продолжување на нападите врз Иран следната недела.

На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше по цена од 1,16 долари повисока во попладневните часови од вчерашната цена на затворање од 101,62 долари. На американскиот пазар, таа беше за 1,21 долари повисока на 96,94 долари.

Пазарното расположение оваа недела беше обележано со шпекулации за тоа колку долго би можела да трае американско-израелската војна против Иран.

Иран ја презеде контролата врз Ормутскиот теснец поради американско-израелскиот напади, забранувајќи го транзитот на бродови поврзани со САД, Израел, европските земји и нивните сојузници.

Во 2025 година, низ теснецот поминувале 20 милиони барели дневно, што е еквивалентно на околу една петтина од светската понуда, а сега транзитот е намален на помалку од 10 проценти од предвоените нивоа, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Под такви услови, резервоарите за складирање во земјите од Персискиот Залив се полни, со што производството се намалува за повеќе од 10 милиони барели дневно, пресмета ИЕА.

Затоа, членовите на агенцијата во среда одлучија координирано да пласираат на пазарот 400 милиони барели нафта од стратешките резерви, но пазарите ја протолкуваа одлуката како сигнал дека не се очекува конфликтот да заврши наскоро, соопштија аналитичарите на ING.

Во попладневните часови, цените повторно скокнаа откако американскиот претседател најави нови напади врз Иран.

САД ќе „удрат многу силно“ врз Иран следната недела, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Салата во Градски парк официјално преименувана во „Лазар Лечиќ“
Следна Статија Вереницата на Лука Дончиќ сакала да живее во Словенија наместо во САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека е подготвен за средба со синдикатот и потпишување на колективниот договор за државните службеници,…

February 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ова се најстресните професии: Дали сте на листата?

Стресот на работа може да се појави од различни причини. Роковите и постојаната конкуренција вршат притисок за завршување на задачите…

September 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Време е за поднесување ДДВ-04 пријавите!

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ - 04 пријави дека рокот за…

January 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање, уверува премиерот

Ставот на Владата е дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање и дека детектирани се проблемите, Владата…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?