Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Трагедијата во Кочани ќе остане трајно врежана во колективната меморија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Трагедијата во Кочани ќе остане трајно врежана во колективната меморија
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Трагедијата во Кочани ќе остане трајно врежана во колективната меморија

Објавено March 14, 2026 16:06
Сподели
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на отворањето на меѓународната конференција во Скопје посветена на клиничките аспекти по трагичниот пожар во Кочани, нагласувајќи дека настанот претставува важна можност за размена на знаења и искуства, но и симбол на солидарноста и поддршката што меѓународната заедница ја покажа кон нашата држава во еден од најтешките моменти.

Во своето обраќање, Муцунски потсети дека трагедијата во Кочани длабоко ја потресе државата и за само неколку минути едно обично утро се претворило во длабока национална болка. Во тие моменти, кога секоја минута била од исклучително значење, брзата реакција на институциите и поддршката од пријателските земји помогнале да се спасат многу човечки животи.

Министерот посочи дека 115 пациенти биле згрижени и лекувани во странство, благодарение на брзата комуникација со партнерските држави, активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и подготвеноста на бројни земји да обезбедат медицинска помош.

„Во тие тешки денови се покажа вистинската сила на дипломатијата и меѓународната солидарност. Токму во вакви моменти станува јасно дека вистинската вредност на дипломатијата не се мери само со постигнатите договори, туку и со спасените човечки животи“, истакна Муцунски.

Тој изрази искрена благодарност до владите, амбасадите, институциите и народите на пријателските земји кои без двоумење ја подадоа раката за помош, нагласувајќи дека токму во вакви моменти најјасно се согледува значењето на меѓународното пријателство и партнерство.

Муцунски упати посебна благодарност и до докторите и медицинските тимови – како во Македонија, така и во странство – кои со својата посветеност, професионалност и пожртвуваност придонеле за спасување на човечки животи.

Во своето обраќање тој нагласи дека трагедијата во Кочани ќе остане трајно врежана во колективната меморија, но дека државата ќе памети и нешто друго – искрената поддршка и солидарност што ја покажале пријателските земји во најтешките моменти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен скопјанец, дома имал кокаин за продажба
Следна Статија КОНТРОВЕРЗНА ОДЛУКА: Судска мерка блокира 1,5 милиони евра по спор за деловен простор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Систем за влез/излез од ЕУ: за што сè треба да се подготват патниците

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври 2025 година, Европската Унија ќе почне со постепено воведување…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Општина Центар планира да спушти рампа за возилата во Дебар маало: Проектот би траел 6 месеци

Дебар Маало наскоро може да стане тест-зона за нов сообраќаен режим. Општина Центар планира ограничување на движењето на возила за…

June 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Ќе бидам градоначалник на сите, од денес Скопје испишува нова страница

Официјално – од денес Скопје испишува нова страница во својата историја Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја…

November 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска е Преподобен Наум Охридски – Чудотворец, исцелител и просветител на македонскиот народ

Ако свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на…

July 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?