Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Изгорениците на пациентите во пожарот беа од 15 до 20 проценти, еден имаше од трет степен, вели докторка од Солун
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Изгорениците на пациентите во пожарот беа од 15 до 20 проценти, еден имаше од трет степен, вели докторка од Солун
ЗДРАВЈЕ

Изгорениците на пациентите во пожарот беа од 15 до 20 проценти, еден имаше од трет степен, вели докторка од Солун

Објавено March 15, 2026 18:52
Сподели
Сподели

Тој ден, на 16 март, добивме повик од Националниот здравствен центар во поглед на расположивоста на кревети за жртви на изгореници, а тоа беа жртвите од пожарот во Кочани. Нашите главни раководители, доктор Атанела Франдиева, која што е главен директор на интензивна нега и нашиот колега од Одделот за пластична хирургија, беа веднаш известени. И јас колку што знам, личната комуникација меѓу клиниката „Мајка Тереза“ веќе беше започната. Импресивно беше сето тоа затоа што 14 часа по несреќата, тројца млади пациенти веќе беа превезени до нашата болница, рече д-р Крисаги Гинаки од Центарот за изгореници во Солун, на панелот „Национален и меѓународен здравствен одговор и акутен третман на изгореници“ што се одржа во рамки на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“.

– Во име на сите мои колеги сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите. Јас сум анестезиолог и работам во центарот за изгоренци во Солун. Нашиот Оддел е сертифициран од 2024, имаме капацитет за да работиме со пациенти, со шест кревети. Ние сме единствената таква болница во Северна Грција. Другите три вакви болници се во Атина, рече Гинаки.

Таа посочи дека сите примени пациенти биле подложени на механичка вентилација и под постојан лекарски надзор.

– Сите имаа претрпено изгореници на вратот, лицето и горните екстремитети. Нивните изгореници беа од 15 до 20 проценти. Еден имаше изгореници од трет степен, можеби и до 60 проценти од површината на кожата. Исто така имаа последици од изложеноста на оган, пожар во затворен простор. По нивното пристигнување, сите беа однесени во операционите сали, за да се направи една поцелосна проценка. Би сакала да кажам дека веќе имавме клинички податоци по пополнувањето на тие обрасци коишто ги побаравме да ни ги пополнат, да ни ги пратат колегите пред пациентите да стигнат во болницата за да знаеме што дотогаш веќе се имало случено, рече д-р Гинаки.

Таа раскажа дека во следните денови сите добиле соодветен третман, биле целосно прегледани и не постоела повреда за којашто не знаеле.

– Еден од пациентите, која беше жена, деветнаесетгодишна девојка, поради метаболични аксидози, имаше тешкотии со дишењето, беше нестабилна и моравме во нејзиниот случај да и дадеме пет грама хидроксиков аламин. Секако, нашиот протокол вели кога пациентот ќе дојде во интензивна нега, треба да помине низ целосна проценка, што значи дека користиме ултразвук, ехо, исто така и дихоскопии за да видиме колкав е степенот на повредата од вдишување чад, и да видиме, да направиме план, за тоа што треба следно да се направи. Во првите часови 19-годишната девојка имаше потреба од дисхаротомија на левата рака, а кај другата се работеше за успешен хируршки зафат. Друга 24-годишна девојка беше екстубирана, една недела откако беше примена, и беше отпуштена од болница. Имаше најмногу среќа од сите нив, другите две коишто претрпеа посериозни повреди, коишто имаат трахеостомија, ги отпуштивме по пет недели, всушност по два месеца беа отпуштени од нашата болница и лекувањето го поминаа успешно.

Д-р Гинаки рече оти целиот тим бил горд што биле дел од нивното „патување и закрепнување“ и нагласи дека кога станува збор за здравјето, единствениот начин е соработката

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нетањаху умре, за кафе (ВИДЕО)
Следна Статија Сточарите ќе протестираат ако не добијат субвенции до 20 март

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Месец на машко здравје – карциномот на простата втора причина за смртност кај мажите

Карциномот на простата е втора причина за смртност кај мажите…Скрининг, навремена посета на уролог и да не се молчи за…

November 3, 2024
ЗДРАВЈЕ

Чибишев: Хоспитализираните на Токсикологија по пожарот во Кочани се стабилни, немаат механички повреди

Од пожарот во Кочани до денес, на Клиниката за токсикологија во Скопје проциркулирале 20 пациенти. Од нив 13, заради влошување…

March 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Македонски кардиохирурзи дел од историски подвиг во трасплантација на срце во Швајцарија

Тим за трансплантација во кој учествуваше кардиохирургот од Прилеп, Петар Ристески, доктор во Универзитетската клиника во Цирих, Швајцарија, со која…

March 12, 2025
ЗДРАВЈЕ

Намирници кои го забрзуваат согорувањето на мастите и помагаат во слабеење

Некои намирници можат да го забрзаат метаболизам и да помогнат во согорувањето на мастите. Нашето тело не може да функционира…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?