Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата
ЕКОНОМИЈА

Владата на седница ќе донесе мерки за ублажување на ценовниот скок на горивата

Објавено March 22, 2026 09:35
Сподели
Сподели

Владата денеска на пладне ќе одржи седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата.

Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бензините. Заради тоа Владата утре во 12 часот ќе има седница на која ќе се донесат вонредни мерки за борба против високите цени на бензините со кои ќе се ублажи ценовниот скок“, велат од Владата.

Од 18 март годинава на бензинските пумпи на ОКТА, Пуцко Петрол, Макпетрол и Лукоил се точи гориво поевтино за два денара од максималната цена што ја определува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за нафтените деривати. Поевтинувањето на горивата доаѓа откако ОКТА им понуди за два денара пониски цени на трговците со нафтени деривати и веќе почна да им испорачува гориво по пониски цени.

На 13 март министерката за енергетика Сања Божиновска и директорот на ОКТА Димитриос Пасхос на прес-конференција најавија дека до крајот на март ОКТА за два денара ги намалува цените на дизелот и на бензините за трговците што набавуваат горива од компанијата, овозможувајќи им на тој начин на трговците на големо и мало оваа придобивка да ја рефлектираат во крајните цени за потрошувачите. Пасхос, тогаш рече дека останува на трговците на големо и мало самостојно да ги утврдуваат продажните цени во согласност со своите комерцијални политики и пазарни услови.

Со последните две корекции на цената на горивата во земјава што ги донесе РКЕ цената на дизелот се зголеми за 21 денар, а на бензините за 12 денари по литар. Причина за поскапувањата на горивата кај нас и глобално, се случувањата на Блискиот Исток.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еден знак ќе доминира оваа пролет
Следна Статија (ФОТО) Мајмунчето Мики на кое посетители му украле дел од роденденските подароци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Владата ветува дека за околу 2,5 милиони евра ќе се зголеми буџетот за поддршка на мали бизниси

Министерството за економија и труд бара, а Владата ќе го зголеми буџетот за поддршка на бизнисите при самовработување. За околу…

July 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

Уште еден дел од автопатот Кичево – Охрид ќе биде пуштен кон крајот на летото, откри Николоски

Автопатот Кичево – Охрид е симбол и пресечник помеѓу две времиња, незаинтересираноста, неспособноста и неработењето на СДСМ и ДУИ и…

July 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија Пат е во многу лоша состојба – после избори ќе го реконструираме претпријатието

Планираме целосна реконструкција на Јавното претпријатие “Македонија пат” веднаш по изборите. Претпријатието има наследени милионски долгови и потребно е итно…

August 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јагнешкото годинава луксуз – колку чини празничната трпеза овој Велигден?

Традиционално за велегденската трпеза по долгиот пост семејството се собира на ручек на кој вообичаено се готви јагнешко месо,Но традицијата…

April 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?