Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Празник на младоста и љубовта – Денес се празнува свети 40 маченици во Севастија, Младенци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Празник на младоста и љубовта – Денес се празнува свети 40 маченици во Севастија, Младенци
ЗАБАВА

Празник на младоста и љубовта – Денес се празнува свети 40 маченици во Севастија, Младенци

Објавено March 22, 2026 18:15
Сподели
Сподели

Празникот на пролетта 22 март младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за Христовата вера.

Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуваат, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд.

Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се премисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Спречен увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
Следна Статија Возеле без возачка, со забрана или пијани: Приведени 14 возачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што работите во декември 2025? – Прашајте Hacker News

Месечен форум за споделување на тековни проекти и иновации од заедницата на технолошки ентузијасти

December 16, 2025
ЗАБАВА

Вечерва може да се види комета која последен пат била видена пред 80.000 години

Кометата А3 (Цучиншан-АТЛАС), која последен пат била видлива од Земјата кога неандерталците биле живи пред 80.000 години, можела да се…

October 12, 2024
ЗАБАВА

Почнува серија за Иво Андриќ, на неговиот погреб говорел нашиот Киро Глигоров

Новата играна серија „Нобеловац“ ќе почне да се емитува на 5 октомври на РТС. Клучните моменти од животот на Иво…

October 4, 2024
ЗАБАВА

Дара во Бугарија ја пречекаа како Тито (ВИДЕО)

Победничката на Евровизија Дара беше еуфорично пречекана на аеродромот во Софија. Бројни фанови дојдоа да ја видат и да и…

May 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?