Четири пати полицаец сменил матичен лекар за да вади боледувања. Ова е еден од примерите за злоупотреби во боледувањата во МВР кои ги наведе директорот на Фондот за здравствено осигурувување Сашо Клековски.
Фондот контролираше 80 лица или вкупно 514 боледувања на барање на МВР, а од нив 258 боледувања биле до 7 дена, 171 до 15 дена и 83 траеле 30 или повеќе денови
Ова е важно затоа што само тие над 15 дена влегуваат во полето на внимание на Фондот за здравствено осигурување, бидејќи над 15 дена треба да бидат упатени на комисија“, рече Клековски.
Од 80 контролирани лица, кај 29 лица (37%) се утврдени неправилности. Од вкупно 514 боледувања, 100 биле неуредно издадени, што е речиси секое петто боледување.