Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Херојот од Палермо верува во ново чудо
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Херојот од Палермо верува во ново чудо
СПОРТ

Херојот од Палермо верува во ново чудо

Објавено March 23, 2026 18:39
Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација втор ден во Скопје се подготвува за првиот плејоф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Нашиот репрезентативец, Александар Трајковски потенцира дека тимот мора максимално сериозно да пристапи на дуелот.

Трајковски, кој пред четири години во Палермо го постигна историскиот гол против Италија за пласман во финалето за СП 2022, верува дека новата енергија во тимот може да донесе позитивен резултат.

– Со нов селектор доаѓа нова енергија и нова визија. Мислам дека добро ќе се подготвиме за овој натпревар. Вчера првпат се приклучив и навистина видов одлична атмосфера и квалитетен тренинг. Ако продолжиме вака, ќе бидеме максимално подготвени, изјави Трајковски.

Тој нагласи дека фокусот и концентрацијата ќе бидат клучни против силниот противник.

– Данска можеби е фаворит на хартија, но ние сме покажале дека можеме да играме против секого. Верувам во оваа екипа. Изјавите од нивна страна може само дополнително да нè мотивираат, вели Трајковски.

Не крие дека овој натпревар има посебно значење за него.

– Искрено, ова е еден од најважните натпревари во мојата кариера на репрезентативен план. Нема поубаво чувство од победа во вакви моменти и можност да се бориш за пласман на Светско првенство. Се надевам дека ќе успееме да го повториме успехот од Палермо.

Натпреварот е закажан за 26 март во Копенхаген со почеток во 20:45 часот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Реконструкција на Владата во мај или јуни, најави Мицкоски
Следна Статија Ангажирани уште двајца пилоти за гаснење пожари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

ФИФА му забрани регистрација на фудбалери на Тиквеш

Македонскиот прволигаш ГФК Тиквеш Кавадарци доби забрана од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за регистрација на нови фудбалери на меѓународно и…

May 8, 2026
СПОРТ

Македонија вечерва ја пречекува Белгија во мундијалските квалификации

Македонската машка фудбалска репрезентација вечерва во Скопје ја пречекува Белгија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.…

June 6, 2025
СПОРТ

ФФМ го казни Сејдини поради финансиска измама

Забрана за вршење на функција во траење од две години му изрече денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на својот…

February 6, 2026
СПОРТ

Синот на Мамиќ доби казна затвор за аферата „Динамо“

Затворска казна од една година и четири месеци му изрече денеска судот во Осиек на Марио Мамиќ, син на поранешниот…

December 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?