Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Владата бара ЗНМ и ССНМ да го осудат однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска во Тетово
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Владата бара ЗНМ и ССНМ да го осудат однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска во Тетово
МАКЕДОНИЈА

Владата бара ЗНМ и ССНМ да го осудат однесувањето на новинарот кон министерката Јаневска во Тетово

Објавено March 24, 2026 19:12
Сподели
Сподели

Слободата на изразување не смее да биде изговор за нарушување на личниот и институционалниот интегритет – реагираат од Владата во врска со вчерашниот настан во Тетово кога министерката за образование и наука Весна Јаневска со несоодветен тон беше прашана од новинар дали овојпат со себе носи преведувач на албански јазик.

Од Владата изразија сериозна загриженост, оценувајќи дека настанот отворил сериозни дилеми на основните принципи на професионалното и етичко однесување во медиумскиот простор.

„Изразуваме остра реакција за настанот каде што новинарот Невриј Адеми, со очигледно несоодветен тон, непримерна реторика и недолично формулирано прашање се обрати кон министерката за образование и наука. Особено нè загрижува фактот што ваквиот непримерен однос не е изолиран инцидент, туку повторување на веќе забележано однесување кон истата носителка на јавна функција. Ова отвора сериозни прашања за почитувањето на основните професионални стандарди, етички норми и принципи на комуникација во јавниот простор“,велат од Владата.

Оттаму додаваат дека како што од носителите на јавните функции очекуваат највисоко ниво на почит кон медиумите, истото очекување го имаат и од новинарите, посочувајќи дека почитта мора да е обострана. Во оваа смисла порачаа дека ситуациите во кои јавната комуникација се одвива надвор од рамките на пристојноста и меѓусебната почит не смеат да останат без соодветна институционална реакција.

„Апелираме до Советот за етика во медиумите, Здружението на новинарите и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници јавно и недвосмислено да го осудат ваквиот чин на однесување. Очекуваме нивна активна улога во зајакнување на професионалните стандарди, како и упатување јасен повик до сите медиумски работници за доследно почитување на етичките принципи, достоинството на личноста и културата на јавен дијалог“,се додава во владиното соопштение.

По вчерашната посета на реновираното училиште „Моша Пијаде“ во Тетово, министерката за образование и наука Весна Јаневска доби прашање од новинар дали овојпат со себе земала преведувач.

„Си зема преведувач, министерке? Ви кажавме кога ќе доаѓаш во Тетово да земеш преведувач“,рече новинарот, на што Јаневска возврати:

„Не. Не ми треба. Јас не знам на кого му треба преведувач за во Македонија да знае македонски јазик.“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ на 7 јуни ќе одржи Конгрес – Филипче најавува нова програма и регионална „Скопска иницијатива“
Следна Статија Уште еден осуденик ќе издржува казна дома со електронска алка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во локал за 200 луѓе имало 700: Нема да дозволиме Кочани сценарио, безбедноста е прва, тврди Јанчев

Настапот на српската ѕвезда Аца Лукас во Кавадарци бил прекинат поради сериозни безбедносни пропусти, непријавен ангажман и прекршување на правилата…

November 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски: Денес, ние имаме света должност – да ја чуваме, браниме и унапредуваме оваа исконска земја

На Илинден, нашите предци ја започнаа својата борба за создавање на македонската држава, борба што ја продолжија многу знајни и…

August 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Продолжува бесплатниот превоз за студентите, Владата ќе му префрли 120 милиони денари на ЈСП

Бесплатениот автобуски превоз за студентите во Скопје ќе продолжи и во 2025 година, откако Владата денеска на седница одлучи да…

December 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

МВР доби нова форензичка опрема за поефикасни истраги на кривични дела

Денеска во Министерството за внатрешни работи беше извршено примопредавање на опрема за поефикасна истрага на местото на настанот во кривични…

January 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?