Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тасевски од М- НАВ доби кривична: Платени денови наместо за синдикални активности ги искористил за одмор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Тасевски од М- НАВ доби кривична: Платени денови наместо за синдикални активности ги искористил за одмор
ЕКОНОМИЈА

Тасевски од М- НАВ доби кривична: Платени денови наместо за синдикални активности ги искористил за одмор

Објавено March 27, 2026 07:30
Сподели
Сподели

Судот повторно го оцени како незаконски штрајкот на Синдикатот на контролори на летање (ССКЛ) што требаше да се одржи во октомври лани, а е поднесена и кривична пријава против претседателот на синдикатот Александар Тасевски за злоупотреба на службената должност, соопшти на денешната прес-конференција правниот застапник на Македонска навигација (М-НАВ), адвокатот Горан Николовски.

– Штрајкот е забранет поради три основи, односно барањето за штрајк не содржи никакви синдикални барања, односно барања за заштита на правата од работен однос, не е спроведена задолжителна постапка за помирување и последната констатација на судот е дека ССКЛ, како подружница, нема правен легитимитет самостојно да организира и да спроведува штрајкови -рече Николовски.

Тој информира дека поради најавите за нови штрајкови, М-НАВ поведе и посебна судска постапка со која бара утврдување дека ССКЛ генерално нема право самостојно да настапува и да организира вакви активности.

Ова барање, како што посочи адвокатот, се заснова на Законот за работни односи и на Статутот на Независниот синдикат за сообраќај и врски.

Во однос на кривичната пријава против претседателот на Независниот синдикат за сообраќај и врски и претседател на ССКЛ, Александар Тасевски, Николовски нагласи дека таа е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје поради злоупотреба на позицијата за остварување лични цели.

– Ја злоупотребил својата позиција и дал известување и барање за користење платени денови од работа, со најава дека ќе користи денови за синдикални активности и синдикални состаноци, а господинот заминал на приватна посета на Кипар заедно со својата љубовна партнерка – посочи Николовски.

Тој, рече дека информацијата за приватното патување на Тасевски, е добиена од медиумите.

– Заминал на приватна посета со својата љубовна партнерка. Неговата посета таму е констатирана од страна на новинар. И така е пренесена информацијата – појасни Николовски.

Нагласувајќи ја стратешката важност на институцијата која ја гарантира безбедноста на авиосообраќајот, адвокатот подвлече дека М-НАВ е должна да презема дејствија за заштита на својот капитал и на интересите на државата секогаш кога има основани информации, додека конечната одлука за иницирање кривична постапка ја носи исклучиво Јавното обвинителство.

На прес-конференцијата беше соопштено и дека е утврден идентитетот на вработено лице во М-НАВ кое открило деловни тајни кои подоцна биле објавени на порталот „Буревесник“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бура ја парализираше Хрватска
Следна Статија Путин: Последиците од војната во Иран би можеле да бидат како последици од пандемија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Што треба да знаете за претстојната федерална забрана на пијалаци и снеци со THC

Во законот што го заврши престојот на владата беше вклучена одредба за забрана на алкохолни пијалаци и снеци направени од…

November 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените на нафтата на светските берзи стабилни – околу 61 долар за барел

Цените на нафтата денеска останаа близу до нивото од 61 долар за барел на меѓународните пазари, што навестува ублажување на…

October 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Планираме изградба на нови патишта во Источна и Централна Македонија

Имаме силни амбиции за годините што следат а тоа е да изградиме експресен пат од Куманово до Страцин, да го…

February 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ворен Бафет официјално се пензионира

Ворен Бафет ги предаде уздите на Беркшир Хатавеј по шест децении на чело, во едно од најзначајните корпоративни наследства на…

January 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?