Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вo автобус на „Дурмо турс“ на „Табановце“ откриени 600 куршуми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Вo автобус на „Дурмо турс“ на „Табановце“ откриени 600 куршуми
ХРОНИКА

Вo автобус на „Дурмо турс“ на „Табановце“ откриени 600 куршуми

Објавено March 27, 2026 15:17
Сподели
Сподели

Автобус на компанијата „Дурмо Турс“ бил запрен на граничниот премин Табановце, откако во него била пронајдена муниција, објави Алсат ТВ. По настанот, Јавно обвинителство потврди дека е поведена истрага против две лица, на кои им се определени мерки на претпазливост.

Според информации од Царинската управа, мобилни екипи при контрола на автобусот пронашле околу 600 патрони со калибар за лесно и долго оружје. Неофицијално, муницијата му припаѓала на еден од возачите, кој ја криел на посебно место во возилото.

Од обвинителството потврдуваат дека постапката е во тек.

„ОЈО Куманово поведе истрага против две лица, на кои по предлог на обвинителот им се определени мерки на претпазливост. Продолжуваат да се спроведуваат дејствија за целосно расчистување на настанот и испитување на потенцијална инволвираност и на други лица“, соопштија од обвинителството.

Надлежните исто така нагласуваат дека се работи на целосно утврдување на потеклото на муницијата, нејзината намена и евентуалната вмешаност на други лица.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Избрани четворица нови обвинители за организиран криминал
Следна Статија Николоски: Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност и економски напредок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Куќен притвор за Артан Груби, Обвинителството со детали

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот…

February 23, 2026
ХРОНИКА

Двајца скопјани полеале кафеана со бензин, па ја запалиле

Полицијата поднесе кривична пријава против И.И.(44) и А.И.(49), двајцата од Скопје, поради тешки дела против општата сигурност и предизвикување општа…

November 20, 2024
ХРОНИКА

Палевски инсинуира алиби со уплатници од банка

Со прикажување уплатница од една банка во Скопје, адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски, на денешното рочиште за убиствата на Вања…

March 5, 2025
ХРОНИКА

Полицајци и пожарникари го пребаруваа теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Полициски службеници и пожарникари попладнево го пребаруваат теренот околу кејот на Зрновска река каде во местото викано Ѓошевски во кочанското…

March 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?