Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Министерот кажа, но не откри кои доктори земале и повеќе од 10 000 евра плата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Министерот кажа, но не откри кои доктори земале и повеќе од 10 000 евра плата
ЗДРАВЈЕ

Министерот кажа, но не откри кои доктори земале и повеќе од 10 000 евра плата

Објавено March 27, 2026 18:44
Сподели
Сподели

​Во јавното здравство имаме лекари кои земале и повеќе од 10 илјади евра плата. Ова го изјави министерот за здравство Азир Алиу, откако вчера премиерот Христијан Мицкоски  кажа дека има здравствени работници кои работеле секој ден, по 24 часа и на тој начин ги зголемувале месечните плати.

Треба да зборуваме и со доза на критика за одредени здравствени работници кои преку чуден „елексир“ на континуирана работа пријавуваат дежурства и добиваат месечни примања и над 10.000 евра. Има примери на лица кои „работеле“ 31 ден по 24 часа, без одмор и пауза. Чудно, но вистинито – изјави премиерот.

​Министерот Алиу денеска кажа дека ги знаат институциите, но побара тоа да не биде соопштено на прес-конференцијата, туку институционално да биде решено.

Министерот пред новинарите кажа дека има ситуација каде што имаме доктори што прегледуваат само еден пациент неделно, а имаме доктори што прегледуваат 100 пациенти неделно.

И едниот и другиот се отстапки и не се во ред. Тоа институционално ќе го решиме, кажа Алиу.

Тој објасни дека во Министерството за здравство имаат податоци за секоја институција колку има вработени, колку тие вработени работат дополнително, колку работат часови и дали се во согласност тие институции со законските предвидени ограничувања.
​

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ако Филипче дојде на власт ќе дава по 10 000 евра за повратниците од странство, а ќе се работи по четири дена
Следна Статија Мицкоски: Со новата трафостаница ќе се подобри стабилноста на електроенергетскиот систем

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Нобелова награда за медицина за тројца научници кои ја открија одбраната на телото од сопствена агресија

Нобеловата сезона за 2025 година официјално започна со објавувањето на првата награда, онаа за физиологија или медицина. Наградата е доделена…

October 6, 2025
ЗДРАВЈЕ

Отворен Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан Митрев – родилиште според највисоки стандарди

На над 800 метри квадратни опремен со најсовремена апаратура започна да работи Центарот за мајка и бебе во Клиника Жан…

October 16, 2024
ЗДРАВЈЕ

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано…

November 14, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клиничката болница во Штип останува приоритет на Владата, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицксоки нагласи дека Владата не се откажува од довршувањето на изградбата на Клиничката болница во Штип и таа…

January 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?