Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доктор анестезиолог уапсен за убиството на Климе Митревски, сопственик на „Климентов Конак” во Охрид
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Доктор анестезиолог уапсен за убиството на Климе Митревски, сопственик на „Климентов Конак” во Охрид
ХРОНИКА

Доктор анестезиолог уапсен за убиството на Климе Митревски, сопственик на „Климентов Конак” во Охрид

Објавено March 28, 2026 11:15
Сподели
Сподели

Жарко Грозданоски, лекар анестезиолог вработен во Клиничка болница Тетово, се терети дека го убил Климе Митревски поради имот вреден над еден милион евра во старото охридско јадро , по претходно склучен договор за доживотна издршка, објави Охридскај.

Криминалистичката полиција при СВР Охрид го расчисти убиството на Климе Митревски, сопственик на угостителскиот објект „Климентов Конак” во старото охридско јадро, во рок од помалку од 12 часа. Сторителот е идентификуван и приведен набрзо по извршување на злосторството.
За убиството е осомничен Жарко Грозданоски од Брвеница кај Тетово, специјалист-анестезиолог и вработен во Клиничка болница Тетово. Според истрагата, Грозданоски и Митревски претходно склучиле договор за доживотна издршка, со кој Грозданоски се обврзал да го чува и негува Митревски во замена за наследство.

Наследството кое Грозданоски сакал да го присвои претставува недвижен имот во старото охридско јадро со проценета вредност од над 1.000.000 евра. Се смета дека обвинетиот свесно го забрзал умирањето на жртвата со цел побрзо да го стекне владеењето врз имотот.

Жарко Грозданоски е официјално обвинет за убиство сторено од користољубие , кривично дело кое во македонскиот Кривичен законик носи една од највисоките казни затвор.

Случајот предизвика бројни прашања во јавноста, особено поради двојниот статус на осомниченото лице , лекар кој денес стои под обвинение за намерно одземање на живот. Медицинскиот персонал во клинички установи ужива висок степен на доверба, а нивниот пристап до пациенти и медикаменти ги прави евентуалните злоупотреби особено тешко докажливи.

СВР Охрид потврди дека истрагата продолжува, а во тек е и соработка со правосудните органи. Случајот е проследен и до Јавното обвинителство, кое треба да одлучи за притвор и понатамошна постапка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Влатко Стефановски во Сплит доби признание за животно дело и го претстави новиот албум Muscle Memory
Следна Статија Третина од населението во Македонија страда од прекумерна тежина, болест поврзана со над 200 коморбидитети

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Од менувачница одзел 10.100 евра

На 20.03.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 10.20 часот од менувачница на подрачјето на Центар,…

March 21, 2025
ХРОНИКА

Фатени разбојници кои се обиделе да ограбат банка во Чаир

На 16.12.2024, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(27) и еден малолетник,…

December 17, 2024
ХРОНИКА

ФОТО: Тинејџер од Бугарија уапсен на граница, носел пиштол, муниција и ножеви

На Граничниот премин Ново Село, кон Р.Бугарија, вчера попладне полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за…

September 7, 2025
ХРОНИКА

Тајна мрежа за сексуални услуги разбиена во Македонија

Две лица добија кривични пријави за „посредување во вршење проституција“ и „помагање“, соопшти МВР. СВР Тетово поднесе кривична пријава против…

February 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?