Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Намалувањето на ДДВ ќе ја намали цената на горивата, ќе се следи состојбата и ќе се реагира
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Мицкоски: Намалувањето на ДДВ ќе ја намали цената на горивата, ќе се следи состојбата и ќе се реагира
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ ќе ја намали цената на горивата, ќе се следи состојбата и ќе се реагира

Објавено March 28, 2026 19:41
Сподели
Сподели

„Многу внимателно ја следиме состојбата со цената на нафтата и нафтените деривати на светските берзи. За нас референтна берза е ФОБ Италија, и за безоловниот бензин и за дизелот. Врз основа на нашите пресметки, очекуваме во понеделник да имаме околу 2 денари намалување на цената за бензините со 95 и 98 октани, имајќи го предвид просекот од оваа недела, од понеделник до петок, и иста цена или можеби половина да има зголемување на дизелот. Така што, намалувањето на ДДВ, директно имплицира позитивен ефект. Еве, кога ќе се анализира цената од претходната недела, ќе имаме дури и намалување на цената на бензините и на дизелот“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа, дали Владата има направено анализа и кој е ефектот од мерките коишто беа донесени во борба против поскапување на горивата.

Мицкоски посочи дека мерката за намалување на ДДВ директно имплицира позитивен ефект, додаде дека во овој момент сме стабилни, потенцирајќи дека нема потреба од рестрикции и нагласи дека намалувањето на ДДВ ќе ја намали цената на горивата.

„Оваа мерка која што ја донесовме има рок од две недели, го дава својот ефект. После овие две недели, сега ќе ја следиме следна недела, да видиме како ќе се движи цената. Ќе ја следиме сега оваа недела, од понеделник до петок како ќе биде, ќе видиме дали има потреба, откако ќе завршат овие две недели да се продолжи мерката со намалено ДДВ на уште две недели, дали можеби ќе воведеме нова мерка со акцизата. Така што да почекаме, да видиме како ќе се движат вредностите“, истакна Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МВР со детали: Грозданоски со раце го задушил Митрески
Следна Статија Утре во Скопје ќе има оосебен режим на сообраќај

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите

До овој момент нема пристигнато понуда за изградба на брзата пруга од Коридорот 10 бидејќи целиот проект е комплексен и…

June 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мерц посочи дека никој не треба да се лаже, германската економија е во длабока криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажало како многу поголем товар од она што првично…

August 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Оваа недела ќе легнат парите од Мој ДДВ

До крајот на месецов, поточно до петок оваа недела, треба да биде исплатен повратот на ДДВ на граѓаните кои скенираат…

November 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Финансиските акробати на Вол Стрит се борат за добивка од зделката на Warner Bros

Судирот меѓу Netflix и Paramount за холивудското студио го заокружува големата година за преговарачите

December 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?